ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Оваа Влада реформите ги спроведува низ принципот „прифаќаме отворено да дискутираме”, наспроти принципот „одбиваме промени”, МВР го растури карневалот во Вевчани…

January 13, 2021 17:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Регистрирани 477 нови случаи на ковид 19, починати се 10 пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.590, бројката на оздравени пациенти е 68.695, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238.

Царовска: Во основата на образовната реформа се критичкото мислење, разбирањето и прифаќањето на различни, но добро аргументирани решенија. За време на дебатата поврзана со презентацијата на основите врз кои се подготвуваат образовните реформи, премиерот Заев и министерката Царовска потенцираа дека оваа Влада реформите ги спроведува низ принципот “прифаќаме отворено да дискутираме”, наспроти принципот “одбиваме промени”.

(ВИДЕО) МВР: Не се почитуваа мерките на карневалот во Вевчани, иако беше договорено. Од МВР сметаат дека со прекршувањето на овие мерки, се загрозува здравјето на граѓаните во услови на глобалната пандемија. Неофицијално, уапсени се повеќе лица, за што говорат и видеата на социјалните мрежи.

Филипче: Поставен модуларниот ковид-центар во Кичево со капацитет од најмалку 45 болнички легла. Исто така, посочува министерот, почнува и изведбата на втората фаза на новата болничка зграда.

Калеска Ванчева: Нема да го повлечеме Законот за попис од Собранието.Пописот во 2021 ќе биде спроведен согласно прописите на ЕВРОСТАТ, по сите меѓународни стандарди по кои се спроведува една важна статистичка операција. Сега имаме Електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис, и податоците ќе бидат компарирани со податоците на други 10 институции.

Бочварски: Не може автопат без патарини и без алтернативен пат. Цената на патарините законски изнесува 2,57 денари по километар, без разлика дали се работи за еден или друг автопат, цената на патарините се исти, дали кон Гевгелија, Велес или Куманово. Автопатиштата се начин за побрзо и побезбедно движење на граѓаните и за нивно одржување потребно е за тоа да се плати. Граѓаните имаат и втора можност да патуваат преку Велес, или преку регионалните патишта каде нема патарина, рече Бочварски на денешната прес-конференција, коментирајќи ги реакциите дека цените на наплатните рампи наводно ќе бидат високи.

Македонските мировници во мисиите на НАТО, ЕУ и ОН со порака до Шекеринска. Ви благодарам што и во вакви услови и предизвици, Вие, најпрофесионално, најпосветено и најмотивирано ги извршувате вашите задачи, што покажува дека Северна Македонија останува сојузник од најголема доверба и во НАТО, но и во мисиите на ЕУ и Обединетите Нации, порача министерката Шекеринска.

Сè што треба да знаеме врзано со употребата на канабисот.

Обвинувањата на Левица кон градоначалникот Богоев не поминуваат повеќе и на социјалните мрежи. Во Фејсбук објавата Левица го обвинува Богоев за наводно трошење на општинските пари за сопствени потреби и анкета. Градоначалникот Богоев на тоа обвинение во коментар им одговара дека секоја сериозна институција, организација, деловен субјект прави квартални или годишни испитувања на јавното мислење и додава дека Општина Карпош е задолжена да правиме испитувања и согласно ISO стандардите по кои работи општината.

И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Алкараз спаси три врзани меч топки за победа во финалето на Ролан Гарос

June 8, 2025
Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

Златната пена на секојдневието

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk