ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонските мировници во мисиите на НАТО, ЕУ и ОН со порака до Шекеринска

January 13, 2021 15:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска преку видео-конференциска врска разговараше со припадниците на Армијата распоредени на три континенти во мисиите на НАТО, Европската Унија и Обединетите Нации.

– Задоволство ми е што ве гледам сите здрави и живи. Во оваа година првенствено ви посакувам да ве служи здравјето, зашто кризата со пандемијата ни покажа дека тоа е бесценето. Ви благодарам што и во вакви услови и предизвици, вие најпрофесионално, најпосветено и најмотивирано ги извршувате вашите задачи, што покажува дека Северна Македонија останува сојузник од најголема доверба и во НАТО, но и во мисиите на ЕУ и Обединетите Нации, порача министерката Шекеринска.

Како што соопшти МО, таа додаде дека искуствата што мировниците ги стекнуваат во мисиите ќе бидат од огромно значење за подготовките на Армијата дома, но и за нивните колеги во следните ротации.

Шекеринска им порача дека токму оваа генерација мировници ќе влезе во историјата како генерација која прва покажала која е нашата вредност, но не само како партнер, туку и како полноправен член на НАТО, како сојузник.

– Ова беше тешка година со многу предизвици поради пандемијата, но и година на најголеми успеси во одбраната. Нашето членство во НАТО ви дава можност да кажете дека сте првите мировници кои учествуваат во мисиите како еднакви со своите колеги од сојузничките земји. Покажувате дека на Армијата на Северна Македонија како сојузник во НАТО може да се смета, рече Шекеринска.

Таа ги поздрави мировниците во Авганистан кои беа погодени од пандемијата, но се изборија со болеста без последици.

Контингентот во КФОР чија бројност годинава ќе расте, покажува  дека можеме да придонесеме и за регионалната безбедност, а до мировниците кои прв пат не претставуваат на африканскиот континент во мисијата на ЕУ во Централноафриканската Република, Шекеринска, порача дека нивното искуство е драгоцено за да ја покажеме и засилиме улогата во мисиите на ЕУ.

– Продолжуваме да ги поддржуваме и напорите за траен мир и безбедност и во Либан, учествувајќи во мисијата УНИФИЛ на Обединетите Нации, изјави министерката за одбрана.

На видео-конференциската средба учествуваа припадници на македонските контингенти во мисиите на НАТО „Одлучна поддршка“ во Авганистан и КФОР во Косово, мисиите на Европската Унија, АЛТЕА во Босна и Херцеговина и во Централноафриканската Република и мисијата на Обединетите Нации во Либан – УНИФИЛ.

Тие испратија единствена порака дека моралот и здравјето се на високо ниво, дека задачите ги извршуваат доследно и имаат одлична соработка со своите колеги од сојузничките земји, се наведува во соопштението од Министертсвото за одбрана.

На видео состанокот се обратија и заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин и командантот на Командата за операции, генералот Павле Арсоски, кои изразија задоволство од резултатите на нашите мировници.

 

/МИА/
Next Post

Сè што треба да знаеме врзано со употребата на канабисот

Најново

„Кафе со амбасадори“ во Битола: Дијалог за човековите права, културата и европскиот идентитет

April 29, 2026

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

April 29, 2026

Како ќе изгледа македонската „Пиета во прекривките на ургентноста“ која патува на 61. Венециско биенале

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk