ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска: Реформата во образовниот процес не е никако поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање на државата

January 15, 2021 13:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту се размислувало ниту се размислува за укинување на групата на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет, тоа е пострашно политизирање дури и од укинувањето на предметот историја,  оцени денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа по денешниот состанок со претставниците на Управниот одбор на ЗЕЛС во одговор на прашање за реакција на професорката Јасна Котеска во врска со македонскиот јазик, посочи оти не сака да ја коментира професорката и потенцира дека реформа во образовниот процес не е никако поврзана со ниту едно надворешно политичко прашање што го има државата.

-Реформите ни се потребни за дома. Реформите ни се потребни да создадеме граѓани кои ќе знаат да се справуваат со сите предизвици и кои ќе можат да фатат чекор со светот, појасни министерката Царовска.

Таа апелира граѓаните да ги следат формалните канали на Министерството за образование и нејзините социјални мрежи, каде што, како што појасни, секогаш известувале вистинито и навремено.

-Апелирам до сите да ги следат формалните канали на Министерството, но и моите социјални мрежи, каде секогаш известуваме вистиниот и навремено. Тоа го правиме во овој момент. Вчера имавме јасен демант дека такво нешто ниту се планирало ниту се планира и ги молам и медиумите и граѓаните да не подлегнуваат под вакви провокации и невистини, појасни Царовска, која вчера и преку статус на социјалната мрежа Твитер ги демантираше тврдењата на професорката Котеска која објави дека со новата стратегија за образование на Филолошкиот факултет при УКИМ требало да се воведат две научни гранки, а да се укине македонскиот јазик.

 

/МИА/
Next Post

Забрчанец: Сакате да одобрам дека СДСМ не смее да биде гласен на тема справување со дезинформации? Не одобрувам. Тоа е цензура!

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk