ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Негативното влијание од употребата на Интернетот и социјалните мрежи кај децата

January 15, 2021 16:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СВЕТ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Доцното детство и адолесценцијата се критично време за социјален и емоционален развој. Во текот на изминатите две децении, оваа животна фаза беше огромно погодена од речиси универзалното прифаќање на интернетот како извор на информации, комуникација и забава. Оние кои се најизложени на негативните ефекти од прекумерното користење на средствата за онлајн комуникација и Интернетот се за жал децата.

Изопачена слика за себе

Користењето Интернет е негативно поврзано со психолошката благосостојба на децата. Најсилниот ефект го има во врска со нивниот физички изглед, а ефектите се полоши кај девојчињата отколку кај момчињата. Следејќи ги светските трендови околу изгледот, младите момчиња и девојки од најмала возраст стекнуваат негативна слика околу нивниот изглед, и полека почнуваат да се прилагодуваат на новата “реалност”. Употребата на шминка од најмала возраст, а сега веќе и аспирации за хируршки корекции на одредени делови од нивното тело, земаат се поголем замав кај предадолесцентите, и кај адолесцентите.

Преголема окупираност со уреди

Децата знаат најдобро да бидат зафатени во часовите по училиште до пред спиење. Кога не ги извршуваат своите домашни задачи (и дури ги извршуваат), тие се онлајн и на нивните телефони, испраќаат пораки, споделуваат, тролаат, и што не. Се разбира, пред сите да имаат профил на Инстаграм, почесто разговараа на телефон или лично кога се дружеа. А денес, дури и кога децата се дружат меѓусебно, секогаш користат некаков вид на уред на кој што се онлајн. Нема сомнеж дека децата пропуштаат многу од есенцијалните социјални вештини. На некој начин, испраќањето пораки и комуникација преку Интернет, не е како да создава невербална попреченост во учењето на вештините, но сите ги става во невербален посебен контекст, каде што говорот на телото, изразот на лицето, па дури и најмалите видови на вокални реакции се скоро невидливи.

Пријателствата се заменети со виртуални пријателства

Стекнувањето пријатели е главен дел од растењето, а пријателството бара одредена доза ризик. Ова важи за создавањето нов пријател, но исто така важи и за одржувањето на пријателствата. Но, кога пријателството се спроведува преку Интернет и преку пораки, децата го прават тоа во контекст лишен од многу лични аспекти на комуникацијата. Полесно е да се стекне пријател онлајн, и да се одржува таквото пријателство, отколку реален, зошто многу фактори можат да се прикријат на екраните, а во живо едноставно е потешко да се скријат одредени чувства и мислења. Прекумерната употреба на социјалните мрежи денес, ги става децата во многу лоша позиција, и тие никогаш нема да го вреднуваат вистинското пријателство.

Никогаш не се сами

Друга голема промена што се појави со новата технологија и особено паметните телефони е дека никогаш не сме навистина сами. Децата го ажурираат својот статус, споделуваат што гледаат, слушаат и читаат и имаат апликации што им овозможуваат на нивните пријатели да ја знаат нивната специфична локација на мапата постојано. Резултатот е дека децата се чувствуваат хипер поврзано едни со други. Разговорот никогаш не престанува и секогаш има нешто ново. Исто така е изненадувачки што некогаш се чувствуваат осамено среде целата таа хиперконекција. Денес децата често искусуваат депресија поради игнорирање на социјалните мрежи. Сите имаме телефони и сите реагираме на работите прилично брзо, па кога чекаме одговор што не доаѓа, тишината може да биде тешка. Другата лоша страна од користењето на социјални мрежи и интернет без надзор е тоа што децата можат лесно да бидат плен на некаква измама, исмејување а често и педофилија.

Што треба да преземат родителите?

Најдоброто нешто што родителите можат да го сторат за да ги минимизираат ризиците поврзани со технологијата е прво да ја намалат употребата на социјалните мрежи и интернетот самите кај себе. Родителите треба да дадат добар пример за тоа како изгледа здравата употреба на компјутер. Повеќето од нас премногу ги проверуваат своите телефони или е-пошта, или од вистински интерес или од нервозна навика. Децата треба да бидат навикнати да ги гледаат нашите лица, а не главите свиткани над екранот. Треба да се воспостават зони без технологија во куќата и часови без технологија кога никој не користи телефон, вклучително и мама и тато.

 

подготвила: Марија Миткоска

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk