Познатиот сопственик на актерска школа за деца, Мирослав Мика Алексиќ вчера вечер бил привиден во полициска станица по обинувањата од актерката Милена Радуловиќ (26), која објави дека ја силувал неколку пати кога имала 17 години. Таа решила да не молчи и да ја сподели со јавноста оваа ужасна вест, пишуваат српските медиуми, пишува Курир.рс.
„Шест години одев во школото на Алексиќ, а имав 17 години кога ме силуваше. Тоа не се случи еднаш“, изјавила Радуловиќ, која доби голема поддршка на социјалните мрежи, откако ја објави информацијата.
Отстранување на родителите
„Групата имаше добри страни. Читавме една книга неделно или гледавме филмови, бевме културни деца. Во групата се пропагираше религија и часовите почнуваа со „Оче наш“. Девојчињата доаѓаа во здолништа, момчињата мораа да носат чевли, ноктите и косите мораа да ни бидат уредни. Ама секогаш беше строго, сурово..Сите викаа, добро строг е Мика, ама таков е тој, има свои методи. Имаше јасни правила. Аудициите за деца беа масовни. По неколку стотини деца се пријавуваа, во зависност од генерацијата, а Алексиќ бираше 7-8 најталентирани.
Веднаш по приемот Алексиќ разговараше со родителите за да ги информира околу часовите, цената, кодексот на облекување и послебно нагласуваше една работа „дека ова е прв и последен пат што се гледа со нив“. Велеше дека децата се мали луѓе, дека се самостојни и дека ова нешто што е само нивно…изјави Радуловиќ.
Таа се надева дека и други јавни личности ќе се огласат после нејзината приказна и дека нема чувствуваат страв од осуда или влијание на нивната репутација.
Дека силувањата се чести во филмската индустрија стана јасно откако беше приведен еден од најголемите филмски моќници во светот, Харви Вајнстин. Кога прозборе првата жртва, актерките ширум светот почнаа да „излегуваат“ во јавноста, па филмскиот продуцент моментално ја одлежува затворската казна.
Алексиќ е филмски режисер, продуцент, актер и познат учител за глума, а во неговото училиште поминале повеќе од 3.000 млади актерски таленти. Меѓу нив се актерите, Никола Којо, Никола Ѓуричко, Мирјана Јаковиќ, Вук Костиќ и други.
Тој има работено со најголеми српски актерски имиња во Драмската група на Радио Белград каде работел претходно, а подоцна формирал свое училиште за глума со својата сопруга, актерка и професорка Билјана Машиќ.