Карпош не е општина која е раководена од урбаната мафија туку од градоначалник и советници кои се избрани од граѓаните на непосредни избори, напиша на својот Фејсбук профил Стефан Богоев, градоначалник на споменатата општина.
„#Карпош повеќе не е општина во која инвеститори „влегуваат како каубојци“ и нарачуваат ДУП – ови по свој терк. И мислам дека оваа порака ја испратив недвосмислено уште на почетокот на мандатот, но ја испраќам и сега, во последната година од истиот“, пишува во објавата на Богоев.