пишува: РИБАРО
Партиски извори од ВМРОУ-ДПМНЕ за АХА, известуваат дека утре претседателот на нивната партија Мицкоски, заминува во официјална посета на бившиот претседател и осуден бегалец од правдата Никола Груевски во Будимпешта.
На средбата, како што јавуваат нашите извори, како и за сè друго досега, Мицкоски ќе барал совет од Груевски за начинот како да се спречи претстојниот Попис и за тоа што да се употреби во Парламентот за да се инсинуира дека со спроведувањето на Пописот повторно ќе се продава државата, Покрај тоа, Мицкос планирал и да му се пожали на Грујо за падот на неговиот личен рејтинг и преземањето на приматот главен вмрон од страна на Апасиев од десна Левица
Во меѓувреме, утрово во гаражата од белата палата:
– Ајде, одиме, што се чека?, им се обратил Мицкоски на обезбедувањето и влегол во гепекот од службеното вмровско возило.
– Утре ќе одиме со авион шефе, средено е тоа од Унгарија, без грижа!, превртувале безнадежно очи и си се испулиле еден со друг членовите од обезбедувањето на Мицкоски.
– Ама, па нели таму вака се оди, што е сега ова… негодувал Мицко, а овие го потфатиле под рака и кроце-покроце го испратиле до неговата канцеларија.
Му однеле топло млекце, му пуштиле музиче (вода што жубори) за релаксација и ја затвориле вратата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK