Редакцијата на Вечер.мк од нејзиниот Твитер профил упатува говор на омраза кон индивидиуални твитер корисници.
„ Аууу што адреси си имал на лагер шуго. Се силиш по твитеров, па после по невладини и амбасади бараш да те бранат… “ стои во одговор од редакцискиот твитер профил на Вечер.мк, кон индивидуален корисник.
На порталот Вечер.мк, главен уредник е Ивона Талевска, поранешна уредничка во ТВ Сител и осомничена и осудена за затајување на данок во случајот „Тифани“.
Од реакциите на повеќе твитерџии што пристигнаа во нашата редакција за тоа како се користи овој редакциски профил може да се забележат и навреди и омраза спрема учесниците во Шарената револуција
Вечер.мк преку редакцискиот твитер профил често пренесува (ре-твит) говор на омраза и навреди од други. Во тие твитови што ги пренесуваат Вечер.мк не се поштедени ни други редакции.
Стојат ли сите од редакцијата на Вечер.мк позади ваквиот начин на користење на редакцискиот профил?
Твитерџиите кои се мета на ови напади бараат реакција од новинарските здруженија.
Нормално ли е редакциски профил да се користи за навредливи коментари и омраза?
Ј. Ѓорѓиоски