Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во денешното гостување во вестите на телевизија Канал 5 информираше дека по разговорот на премиерот Заев со претседателот на Србија, Вучиќ во кој е договорено Србија да и даде 8.000 Фајзер вакцини на нашата земја, веднаш започнал разговори со српскиот колега Златибор Лочнар во однос на техничките детали и точното време на испорака на вакцините.
Екс шефот на УБК, Сашо Мијалков негира дека го наредил прислушувањето и уништувањето на два системи за следење на комуникацијата. Мијалков рече дека на сите одржани седници во овие 3 години за Таргет – Тврдина, никогаш ниту со материјални ниту вербални докази, обвинителството не потврдило такво нешто.
Пензиите ќе се исплаќаат редовно, а во јануари пензионерите ќе го добијат и законското усогласување, односно минималната пензија ќе биде зголемена за 13 денари, а просечната за 185 денари, најави вечерва министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Тоа што го видовме од Бугарија е за жалење и не е во национален интерес на Бугарија, вели Гералд Кнаус, авторот на идејата за членство на Западен Балкан во Европската економска зона, прашан како гледа на бугарските барања и дали е можна промена.
Тричко го разбира светот слично како Делчев. Свет без вмрони, полн со спорт, култура, секс видео ленти и други видови уметнички заебанции, без биртијски патриоти кои кубат влакна од г’зот за да ги залепат на груди, покажувајќи колку се рунтави Македонци кои само корења обезбедуваат за следбениците и ништо друго. Гоце го убија вмрони, Тричко ги “убива“ вмроните. И тебе и таквите ко тебе, бе, Кикифрики…
Македонските лекари Марјан Попоски и Перица Давитков, работат на две различни страни во САД. Но, тие се меѓу првите Македонци, кои ја примија вакцината за Ковид 19.
Карпош не е општина која е раководена од урбаната мафија туку од градоначалник и советници кои се избрани од граѓаните на непосредни избори, напиша на својот Фејсбук профил Стефан Богоев, градоначалник на споменатата општина.