ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Македонски лекари во САД: Вакцинацијата е единствен спас од пандемијата

January 18, 2021 20:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Се чувствуваме одлично. Симптомите се незначителни во однос на придобивките, велат обајцата.

Македонските лекари Марјан Попоски и Перица Давитков, работат на две различни страни во САД. Но, тие се меѓу првите Македонци, кои ја примија вакцината за Ковид 19.

Македонски лекари после примените две дози на вакцина за Ковид 19- Се чувствуваме одлично. Симптомите се незначителни во однос на придобивките, велат обајцата.

“Како лекар и истражувач, горд сум дека науката успеа за рекордно краток период да произведе решение за справување со пандемијата” – вели Давитков, лекар во САД за Гласот на Америка

Стружанецот, Марјан Попоски, е еден од неколкуте македонски лекари, кои работат во САД, а кои досега се вакцинирале со вакцина за Ковид-19. Тој e физoтерапевт во државната болницата Сан Жоакин, во Калифорнија. Првата вакцина од компанијата Фајзер ја примил, на 16 декември, а на 4 јануари и втората доза.

„Првата вакцина кога ја примив, имав само малку болка во рамото, каде беше ставена вакцината. После втората вакцина, имав мали симптоми. Во мојот случај тоа беше главоболка, но веднаш после вакцината. Подоцна вечерта имав малку болка и малку телесни болки. Но, тоа беше еден час. Следниот ден бев без никакви симптоми. Врз база на голема популација на луѓе, секако дека ќе има некој што ќе изреагира. Но тоа е случај со секоја вакцина, не само со ковид – вакцината“, вели Марјан Попоски.

Без двомуење се решиле да се вакцинираат со неговата сопруга, која е медицинска сестра, откако претходно се едуцирал и истражувал.

„Сакав да знам по кој начин и по кој механизам вакцината реагира на телото. Има некои прашања кои не можат да бидат одговорени, бидејки нема доволно време да се испита вакцината. Затоа, се одобри оваа вакцина. Јас имам постари родители кои еден ден сакам да ги посетам назад на источниот брег во Њу Џерси. Тоа беше за мене примарна причина поради која сакав да ја примам вакцината“, вели Марјан Попоски.

Марјан и со порака до македонските граѓани, дека е многу важно секој да прими вакцина против Ковид 19.

„Што ако само дел од популацијата ја прима оваа вакцина, мое мислење е дека нема да можеме тотално да се извлечеме од овој вирус. Што повеќе луѓе се вакцинираат, тоа повеќе шанси да се искорени овој вирус. Која и да била реакцијата на вакцината, сепак тоа е подобро, отколку да се заразиш од Ковид, да имаш сериозна реакција и да завршиш во болница. Што повеќе скептицизам толку повеќе ја продолжува оваа пандемија“, вели Марјан Попоски.

И македонскиот лекар, Перица Давитков, кој работи на Универзитетската воена клиника во Кливленд, ги примил двете дози на Ковид вакцината. Вели, речиси целиот болнички персонал во неговиот Оддел за гастроентеролoгија ја примиле вакцината.

„Засега немам слушнато за сериозни и несакани ефекти. Знам дека реакцијата на имуниот одговор е побурна кај луѓето со прележана Ковид инфекција. Моето искуство после вакцината е подобро одошто очекував. Поминав со незначителни несакани ефекти. Како лекар и истражувач горд сум дека науката успеа за рекордно краток период да произведе решение за справување со пандемијата“, оцени, Перица Давитков, лекар во САД.

Давитков очекува дека вакцината наскоро ќе биде достапна и за македонските граѓани. Попоски, пак, се надева дека летово, ќе може да го посети родниот крај, ако се намали пандемијата со Ковид и се реализира процесот на вакцинација.

Next Post

Богоев: Карпош повеќе не е општина во која инвеститори „влегуваат како каубојци“ и нарачуваат ДУП – ови по свој терк

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk