ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто и како програмскиот совет на МРТ ја одложи денешната седница?

January 20, 2021 21:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ

Програмскиот совет на МРТ (Национална радиотелевизија) ја одложи денешната седница, на која, меѓу другото, требаше да се расправа за распишување конкурс за избор на нов директор и заменик-директор на јавниот сервис.

Едно од поважните ставки на денешната седница беше воедно да се распише конкурс за избор на нов директор и заменик – директор на Македонската Радио Телевизија, што со години е закочено поради така поставениот закон.

Со години се критикува  улогата на Програмскиот совет на МРТВ и неговата функционалност, како и целиот состав во внатрешноста на зградата.

„Програмскиот совет на МРТВ е посебна приказна. Ликовите кои се во партиско-фамилијарни спреги со МВРО доминираат во составот на ова тело, својствено на сите останати инсталации на Груевски, имаат навика да ги толкуваат законите на свој начин. Така, со истечен мандат, во јануари 2020 година, „ладно“ си распишаа конкурс за избор на членови на Надзорниот одбор. И сега, Програмскиот совет си прави конкурс за директор, иако со законските измени, мандатот им е продолжен на сите протагонисти на оваа ТВ сапуница, а не само на Грујовите „програмери“. Некој овде се прави наудрен или законите се како швајцарско сирење. Веројатно и обете” – пишува Џабир Дерала во својата колумна, .

Зошто и како е откажана денешната седница претседателката на Советот, Смилка Јанеска-Саркањац, за „360 степени“ кусо вели дека седницата била одложена на барање на неколку членови на Програмскиот совет. Одлагањето на одлуката доаѓа откако „360 степени“ синоќа (во пресрет на седницата на Советот) објави дека универзитетскиот професор Борче Давитковски смета оти евентуално распишување конкурс би било незаконско, зашто со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им е продолжен мандатот на директорот и заменик-директорот на МРТ до изборот на нов Програмски совет – постапка што подолг период е заглавена во Собранието.

Здружението на новинари на Македонија, побара автентично толкување од Собранието на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.  Целта е да се разгледаат правно сите аспекти и да се открие она што се крие во пандорината кутија, и точно и прецизно да се протолкува законот, за да се види на крај на денот кој може да назначува и разрешува директори, како и кој ги бира раководителните органи во целост на МРТ.

Но „360 степени“ во телефонски разговор со Мемедалија, дознава дека официјално барање од ЗНМ се уште нема, тој рекол дека досега не ги информирал членовите на Советот за барањето на ЗНМ, бидејќи седницата била одложена, а за тоа наведува причини различни од оние што ни ги кажа Јанеска-Саркањац. Тој вели дека расправата ја одложиле поради обврски на претседателот и заменик-претседателот и дека истата е  одложена без да се дискутира за ниту една точка од дневниот ред.

Доколку има евентуален избор на нов директор  пред Собранието да го изгласа новиот состав на Програмскиот совет, може да има негативни последици врз работата на јавниот сервис, смета актуелниот директор Марјан Цветковски.

Изборот на Програмскиот совет, пак, одамна е заглавен во собраниската Комисија за избори и именувања, а со оглед на новиот парламентарен состав, постапката за избор на членови на раководните органи на МРТ ќе мора да почне одново.

Од ЗНМ апелираат да се откочи процесот за што поскора реализација на реформите во МРТ.

Дали конечно ќе се се откочи цел овој макотрпен процес, и дали конечно МРТВ ќе дојде во рацета кај граѓаните допрва ќе видиме.

До тогаш може да почекаме, и да видиме дали ќе се закаже уште некоја седница на Програмскиот совет – која подоцна ќе биде откажана.

На крај на денот, кај нас законите се како поезија, секој ги толкува како што сака.

В. Димковска

 

Next Post

Програмски совет на МРТВ... Фатени живи и осуетени

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk