пишува: РИБАРО
Тотална разочараност од параван посетата на Мицкоски и Николовски, кај Грујо и Орбан, јавуваат за АХА извори од белата палата.
Изворот ни пренесува разговор на Мицкоски со еден вмровски чиновник во белата палата:
– И шефе како поминавте во Пешта, што кажа главниот.
– А бе оди што ќе каже Грујо, го боли него за нас овде, си прчи тој во Будимпшта по јахти и хотели. Друго, ние кај Грујо и Орбан демек кај главниот поддржувач на Трамп, Заев и Пендаровски во америчка амбасада заедно со амбасадорката Брнс ја следат инаугурацијата на Бајден. Тие во друштво со нормален свет, ние со… Ама момент сме погодиле, што да ти кажувам.
– Што да се прави шефе, па нели само Орбан и Јанша нè прибираат. Други нит сакаат да не види, нит сакаат да чујат за нас.
– И тоа што викаш, ама пак не мораше да е тоа непосредно пред инаугурацијата на претсердателот на САД, ама па се запна Грујо да сме покажеле единство со единствените двајца државници од демократскиот свет кои застанаа на страната на Трамп и ела разберисе.
– А и тој Трамп како нè пушти низ вода, што да ти кажувам. Избега од задна врата на Белата куќа, си влезе со Меланија во хеликоптерот и правец во прајват резиденс на Флорида. така фино ни го начука на сите што имавме надеж во него.
– Шефе, па тоа не ни се случува прв пат. Кога овој нашиов можеше в гепек да нè остави да се исподавиме тука, што па Трамп да нè мисли.
– Ајде гитла бе таму, оди пишувај клевети интриги и соопштенија, не ми бистри глобална политики тука.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK