ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Истражување на „Касперски“: Пандемијата го одложува напредувањето на жените во ИТ секторот

January 22, 2021 10:51
in TECH FRONT, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси половина од жените кои работат во технолошката индустрија (ИТ) веруваат дека ефектите на пандемијата со ковид-19 го ​​одложило, наместо да го зајакне нивното напредување во кариерата, покажува истражувањето на компанијата Касперски, пренесува „Мета.мк“.

Во истражувањето се вели дека некои од главните причини околу овој проблем се должат на секојдневните функции кои и натаму имаат главна улога, како што се домашно школување и чистење, но и други проблеми како што се адаптирање на работното време околу семејниот живот.

„Во исто време, спроведената анкета откри дека многу компании се чини дека направиле голем чекор кон родовата разновидност, при што седум од десет жени сметаат дека нивните вештини и искуство се сметаат за поважни од полот при аплицирање за нивната прва ИТ или техничка улога“, пишува во објавата на блогот на Касперски.

Приближно ист број (69 отсто) од женските испитаници изјавиле дека нивното мислење се почитува од самиот почеток, без оглед на нивниот пол.

Сепак, истражувањето покажува дека тимовите со мнозинство мажи сè уште доминираат врз тимовите со мнозинство жени со речиси 5 спрема 1 однос, а 44 проценти од анкетираните жени сè уште веруваат дека мажите имаат побрз напредок во кариерата во нивните организации, отколку самите жени.

Пандемијата го наметна домашното школување, но и други предизвици, што резултираше 4 од 10 жени да кажат дека се воздржале да направат кариерни промени во последните неколку месеци поради семејни или домашни притисоци.

Онлајн анкетата е спроведена во ноември и декември минатата година и тоа со 13.000 испитаници низ 19 земји: Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Шпанија, САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Мексико, Перу, Австралија, Индија, Јапонија, Малезија, Сингапур и Виетнам.

Истражувањето ги покажува перцепциите на луѓето за половите разлики во индустријата, бариери за градење кариера во технологијата, како и за тоа што ги мотивирало мажите и жените да се приклучат во ИТ индустријата, но и за влијанието на пандемијата со ковид-19 врз перспективите на кариерите на испитаниците.

Целосниот извештај од истражувањето може да се прочита на овој линк.

„Мета.мк“ минатата година изработи истражувачка сторија за застапеноста на жените во ИТ секторот во нашата држава.

Next Post

Обвинение заради дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје​

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk