Почина Лари Кинг, долгогодишниот ток-шоу водител на Си-Ен-Ен, кој стана икона преку своите интервјуа со безброј политичари, и познати јавни личности, известуваат од Си-Ен-Ен. Лари имаше 87 години.
Неговиот син, Шанс, ја потврди смртта на Кинг.
Кинг беше домаќин на „Лари Кинг во живо“ на Си-Ен-Ен повеќе од 25 години, интервјуирајќи кандидати за претседател, познати личности, спортисти, филмски sвезди и секојдневни луѓе. Тој се пензионираше во 2010 година откако сними повеќе од 6.000 епизоди од шоуто.