Нови 444 случаи на коронавирус, 21 починат, 10 се со датум на смрт од претходните три недели, денес пријавени во ИЈЗ. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91.161, бројката на оздравени пациенти е 79.621, на починати е 2.812, а бројот на активни случаи изнесува 8.728.
СДСМ: Вакцини се обезбедуваат преку сите можни начини и извори. Христијан Мицкоски никако не може да ги преболи политичките фијаска што му се случуваат на избори, па своите неуспеси сака да ги „испере“ поврзувајќи ги со се и сешто, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ.
Поднесена кривична пријава против поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески и други физички и правни лица за фалсификување, злоупотреба и лажни докази. Пресуда на име уплатен надомест за градежно земјиште,„надомест на штета“ и камати во износ од 19.191.800 денари –од буџетот на Република Северна Македонија, а трите парцели биле отуѓени од страна на општина Прилеп по вкупна цена од 11.442.102 денари, по што на ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 7.749.698 денари.
УНИЦЕФ со поддршка на реформите на МОН: Време е за подобар образовен систем во кој учениците ќе бидат во центарот на промените. Според Патриција Ди Џовани образовниот систем, на чело со наставниците, треба да им помогне на учениците да стекнат знаење, притоа оспособувајќи ги да го користат знаењето, да развијат социјални и емоционални вештини,…..
Цветковиќ од Коалиција Маргини: Со образовната реформа се вградува силна воспитна компонента во основното образование. Особено во основното образование се многу важни градењето на демократски капацитети, вредности и ставови кај младите. Оттука, ја поддржуваме концепцијата, бидејќи конечно гледаме концепција која овие вредности и принципи ги става во својата основа“, изјави Цветковиќ.