ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на средба со универзитетски професори: Реформата во основното образование е неопходна

January 27, 2021 13:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска оствари средба со универзитетски професори во врска со предложената нацрт-концепција за основно образование.

Царовска по средбата во изјава за медиумите нагласи дека на средбата било заклучено оти оваа реформа ќе направи значителен исчекор во подобрување на квалитетот на основното образование.

– Навистина конструктивни коментари, позитивно насочени професори кои веруваат во тоа дека оваа реформа ќе направи значителен исчекор во подобрување на квалитетот на основното образование, а со тоа понатаму ќе се направи притисок и за другите нивоа на образование да станат подобри, се со цел да имаме понатаму граѓани кои во себе ги имаат и ги живеат граѓанските вредности, но исто така имаат и и знаења и компетенции со кои стануваат конкурентни на пазарот во светот, но притоа придонесуваат за развој на нашата држава, нагласи Царовска.

Емилија Петрова Ѓорѓева, декан на Педагошкиот факултет од Штип при Универзитетот Гоце Делчев истакна дека сите се сложни во едно, а тоа, како што рече, е дека секое време носи свои предизвици и дека ваква реформа е неопходна.

– Оваа концепција е поставена на современи сфаќања, е многу амбициозна и се потпира на европски документи. Во концепцијата се дадени контурите на нештата кои ни даваат насоки и акција како да делуваме понатаму. Мислам дека во тие насоки и таа акција ако се вклучат сите чинители на воспитно образовниот процес ќе дадеме придонес за подобрување на оваа концепција се во интерес на нашите ученици, рече Петрова Ѓорѓева.

Славчо Димитров од Универзитетот ФОН посочи дека иницијативата со оваа концепција и реформите се за поздрав и оти ова е процес во кој треба да бидат вклучени сите одговорни актери, особено академската заедница.

– Она што оваа концепција и реформа сака да го направи и што е јасно, недвосмислено, содржано во текстот на коцептот е дека учениците мора да станат фокусот, нивните потреби да бидат центарот на воспитно образовниот процес, мора да се трансформира начинот на кој е структуриран тој процес, да се променат содржините и методологиите. Сметам дека најголемата придобивка на концепцијата е воведувањето на интер или трансдиспиплинарната перспектива или она што се нарука интегрираните предмети преку кои македонското образование конечо ќе влезе во чекор со современите, релевантните, научни и светски образовни текови во кои различните дисциплини се во дијалог, се надоградуваат, вели Димитров.

Според Мимоза Ристова, професор по физика на Природно математичкиот факултет во Скопје концептот овозможува добра реализација, а тие будно ќе набљудуваат како ќе се спроведува. Додаде оти ќе помагаат да се мерат ефектите од реформата и да се подобруваат начините за нејзино спроведување.

Министерката Царовска додаде дека доаѓаат при крајот на овие дебати со специфично целни групи, но, како што информира, следува и јавна дебата која ќе се случува во Собранието каде сите засегнати страни ќе бидат повикани од сите релевантни институции да го кажат своето мислење за да може да ја заокружат дебатата и текстот да го заземе својот конечен изглед.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, во игра се и Ралев и Шукова

July 15, 2025

Времето не работи за нас, потребни се храбри одлуки за ЕУ сега, истакна Филипче

July 15, 2025

Советот на ЕУ не постигна договор за воведување на еден од најстрогите пакет санкции кон Русија

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ујдурмата на „Маркет Вижн“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никола Димитров на Сими Симпозиум: Ако ЕУ остане без вредности, тогаш е ништо!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk