ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Шахпаска на панел дискусија: „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од КОВИД 19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат“

January 27, 2021 12:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

“Пандемијата од КОВИД 19 не претставува само здравствена криза, туку сериозна социо-економска и  психолошка криза, заради што бевме  соочени со предизвикот како на најдобар начин се справиме со неа, без да има импликации врз нашето здравје но и без да се одрази негативно врз нормалното функционирање на економијата,“ истакна министерката Шахпаска на втората сесија од вториот циклус на Работната група -2, Социјална политика и вработување која дејствува во рамките на Националнта конвенција за Европската унија во РС Македонија (НКЕУ-МК), насловена  „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од КОВИД 19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат“, информираат од министерството за труд и социјална политика.

„За нас како Влада и ресорно министерство изминатиот период врвни беа два приоритети: зачувување на секое работно место во услови на пандемија и грижа за најранливите категории на граѓани“, посочи министерката Шахпаска. Таа се осврна на предизвиците во периодот кога многу сектори беа целосно затворени како угостителство, туризам и транспорт и заложбите на Владата, која еден период беше и техничка, преку воведување на соодветни политики и мерки да обезбеди полесно пребродување на тешкиот период.

Министерката зборуваше и за затворањето на детските градинки и училиштата како дел од владината политика со цел заштита на населението од ширење на пандемијата, но и за флексибилноста на вршењето на работните задачи на вработените со работа од дома, како нов концепт кој пандемијата го наметна и  како искуство кое ќе биде вградено и во новиот Закон за работни односи.

„Владата креираше четири пакети мерки, за што полесно надминување  на кризата, како поддршка во исплатата на платите во компаниите и  олеснет пристап до бескаматни кредити, се со цел зачувување  на работните места, како и финансиска поддршка на оние кои овој период сепак останале без работа,“ рече министерата Шахпаска. Таа се осврна и на олеснетиот пристап на граѓаните до социјалните права односно во системот на социјална заштита и ја потенцираше успешноста на социјалната реформа која ги адресира потребите на најранливите категории на граѓани.

„Овој период имаше и висока реализација на активните програми и мерки за вработување кои што Министерството за труд и социјална политика ги спроведува со Агенцијата за вработување“ , истакна Шахпаска. Таа посочи дека,  новиот Оперативен план за 2021 година е креиран со дополнителни две мерки поддршка за самовработување и формализација на постојни бизниси во услови на КОВИД 19 и вработување и раст на правни субјекти кои создаваат нови работни места.

Таа истакна дека и во услови на криза не се дозволи пад на минималната плата, туку напротив нејзин раст на 15000 денари, како и раст на просечната плата. Притоа ја потенцираше невработеноста, која споредено со третиот квартал од 2019 година и  истиот квартал 2020 година се забележува намалување од 0,6%.

Министерката зборуваше и за тоа дека изминатиот период со особено внимание се следеа и предизвиците со кои се соочуваа работодавачите, но и почитувањето на работничките права.

„Да научиме од негативните, но дел и од позитивните искуства кои ни ги наметна пандемијата,“ порача министерката Шахпаска на крајот од нејзиното обраќање.

Next Post

Владимиров: Новата администрација на САД ќе ја помага евроинтеграцијата на Северна Македонија

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk