ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Началникот на Генералштабот учествува на редовното заседание на Воениот комитет на НАТО

January 27, 2021 13:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на првото овогодишно редовно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на Генералштабови на Армиите на земјите членки на Алијансата.

Од Генералштабот информираат дека за време на состанокот на највисокото воено советодавно тело на Алијансата, началниците на Генералштабовите на Армиите на 30-те земји членки ќе разговараат за повеќе актуелни теми, кои се однесуваат на одбранбените политики и мировните операции предводени од НАТО, концептот за понатамошно дејствување на Алијансата како и дискусија за сегашните, идните предизвици и научените лекции поврзани со пандемијата предизвикана од „Ковид- 19“.

По завршување на конференцијата на која учествуваат и Врховните команданти на сојузничките сили во Европа и на сојузничките сили за трансформација, од страна на претседавачот на ВК, воздухопловниот маршал, Сер Стјуарт Пич ќе се соопштат донесените заклучоци.

-По нашето членство во НАТО, генералот Ѓурчиновски учествува на заседанијата на ВК на сите сесии со полно право во процесот на одлучување и донесување на заклучоци, кои се од значење за развојот на Армијата на Република Северна Македонија за целосна интеграција во сите сегменти на НАТО, посочуваат од Генералштабот.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови два пати годишно ги одржува своите редовни состаноци, а денешната е 185-та редовна конференција која се одржува со сите предвидени мерки за заштита од „Ковид 19“

Next Post

Вкупно 320 пациенти се лекуваат на инфективните одделенија во земјава, има слободни кревети

EVN

НАЈНОВО

Може ли германскиот систем за противвоздушна одбрана да биде европски одговор на Patriot?

February 26, 2026

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

February 26, 2026

Ивица Дачиќ хоспитализиран во тешка состојба – приклучен на респиратор

February 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Како исклучувањето на Starlink ја разниша руската линија на фронтот – „останавме само со радио-станици, кабли и гулаби“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 25 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски за клевета, бара по 500.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица предлага зголемување на повратот на ДДВ од 2.100 на 4.100 денари и повисок праг за регистрација на ДДВ-обврзници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk