Во Полска официјално стапи на сила Законот за забрана на абортус, во услови на ескалација на сомнежите на ЕУ за законитоста на судскиот систем на земјата.
Законот, чие стапување на сила беше објавено во службен весник во средата, ги брани сите видови абортус, освен во случај на силување или инцест или ако животот на мајката е во опасност, пренесува Еуобсервер.
Законот беше усвоен во октомври минатата година, но неговото влегување во сила беше одложено поради масовните протести на незадоволните граѓани кои траеја со денови.
Опозициските партии сметаат дека законот е „провокација“ од страна на шефот на владејачката партија ПиС, Јарослав Качински, и дека со законот се обидува да ја турне Полска „во оган“ за да го сврти вниманието од лошото управување со пандемијата на коронавирусот со протести и незадоволство.
Европската комисија во средата испрати жалба до полскиот дисциплински суд.
Во жалбата се наведува дека Полска има рок од еден месец да одговори на дополнителното образложено мислење и да ги преземе неопходните мерки во согласност со судството на ЕУ, а во спротивно ЕК може да го проследи целиот случај до Европскиот суд на правдата. /МИА/