ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грците вчера максимално ги искористија последните часови пред затворањето на продавниците во Атина

January 30, 2021 14:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поширокиот регион на Атина, од рано утрово е во црвената Ковид зона со посебни рестриктивни мерки, меѓу кои и одново затворање на продавниците, па така, Грците, вчера ги преполнија улиците и максимално ја искористија последната можност за шопинг, јави дописничката на МИА од Атина.

Најпознатата трговска улица „Ерму“, синоќа исто како и изминатиот викенд, поради гужвите, воопшто не наликуваше дека земјата е во карантин.

„Опремени“ со маски и испратена смс порака, огромен број граѓани побрзаа во продавниците непосредно пред затворањето.

Грција од денеска е поделена на две Ковид зони: жолта -под надзор и црвена- зголемена опасност.

Поради зголемениот број новозаразени, грчката Влада донесе одлука само 11 дена откако беа отворени, продавниците во Атина, како и во останатите девет области што се во црвената зона, од денеска да бидат затворени, а малопродажбата работи само со услугата „click away“, односно подигнување на претходно направена порачка и услугата „click inside“ – посета на продавница по закажан термин и само за продавниците за облека, обувки и книжарите.

Поголемиот дел од земјата е во првата група, каде што продавниците работат регуларно, а полицискиот час е од 21 часот, за разлика од црвената, со исклучок на Атина, каде што почнува три часа порано.

Полицискиот час, ограничување на движењето со задолжителното испраќање смс пораки со една од шесте опции, задолжителна употреба на маска, забрана за движење меѓу региони, се мерките кои и понатаму важат во цела Грција, како и одлуките што се однесуваат на онлајн предавањата за студентите, редовна настава во основните училишта, регуларната работа на градинките, работа од дома или на смени во јавниот и приватниот сектор (доколку е можно), а фризерските и козметички салони, берберниците, центрите за регистрација на возила, кои ќе продолжат да работата како до сега со претходно закажан термин.

Во понеделник ќе се отворат и средните училишта, со исклучок на црвената зона, каде што во училишните клупи ќе се вратат само учениците од 12 до 15 години, а „постарите“ средношколци ќе продолжат со онлајн настава.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин, шест дена подоцна беше воведен полициски час, а постепеното олабавување на мерките започна со отворањето на основните училишта и градинките на 11 јануари, една седмица подоцна следеа и продавниците, моловите, трговските центри, фризерските и козметичките салони, за сега, повторно да се воведат нови рестрикции.

 

/МИА/
Next Post

2020 е година со најмал број на загинати лица во сообраќајни незгоди

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk