ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажни вести за сексуалното образование, говор на омразата, демант од Царовска…

January 31, 2021 23:57
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На социјалните мрежи и во дел од медиумите се прошири лажната вест дека ќе се воведува сексуално образование во нижите одделенија на основното образование. Без проверка на фактите и официјалните извори, на социјалните мрежи настана бура од негативни коментари и говор на омразата против Министерката за образование, Мила Царовска, но и кон експерти и граѓански активисти.

Лажната вест тргна од Фејбук страната „Од нас за нас“ на која често се појавуваат дезинформации и лажни вести, а администраторите не ја почитуваат обврската да ја модерираат дискусијата и да го спречат говорот на омразата. Објавата има преку 140 коментари и споделена е повеќе од 260 пати. Објавата веднаш ја презедоа дел од медиумите блиски до опозицијата кои секојдневно објавуваат вакви и слични содржини.

Се работи за манипулирање со јавноста со дезинформации насочени против реформскиот процес во образовниот систем. Со демант се јави и Министерката за образование и наука:

Категорично ги демантирам невистините проширени од ФБ групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Веста е целосно лажна, а користените илустрации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикувам граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.

Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Барам одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулираат јавноста, а за постигање на цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието.

Останува да се види дали некој ќе има доблест да ги објави демантите на овие лажни вести, а секако и дали институциите ќе преземат законски мерки за санкционирање на неодговорното објавување дезинформации и поттикнување говор на омразата.

Д. Е.

Next Post

Облачно со повремен дожд и снег

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk