ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Преку лажни вести, Жугиќ и Тасевски тврдат дека ќе има сексуално образование од II одделение и ќе се промовира педофилија и „педерастија“

February 1, 2021 16:39
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Иако министерката за образование и наука Мила Царовска и ресорното министерство ја демантираа информацијата објавена во дел од медиумите, а кои произлегоа од Фејсбук групата „Од нас за нас“ за наводните содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование, коментарите на социјалните мрежи не стивнуваат. На својот фејсбук профил пред два дена коментираше и актерката и советничка во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ.

„Од второ одделение?!? Од ВТОРО?!? Невладино владина госпоЏице, на таа возраст децата воопшто не се идентификуваат себе си по пол, туку по добри и не толку добри деца, по другарче кое подава рака кога ќе паднеш и по она што те бутнало, сопнало, случајно или намерно. Кому вие тоа сакате да НАМЕТНЕТЕ сексуално воспитување кога на децата на таа возраст такво воспитување воопшто не им е во фокус на интерес и потреба. ЗОШТО?!?!?

Сексуално воспитување е добар факултативен/изборен предмет за 9то одделение, за оние ученици кои за таа тема немаат услови да разговараат дома. Во второ оделение децата треба да имаат воспитување, изборен предмет од областа на ЕТИКАТА и ЕСТЕТИКАТА, ДА УЧАТ ШТО Е ДОБРО И ПРАВЕДНО, А ШТО НЕ Е! Да учат ШТО Е УБАВО, ШТО Е ГРДО, а не да им наметнувате воспитување/образование кое е дааалеку од фокусот на нивниот интерес, потреби и емотивна зрелост.

Сте ги прашале ли родителите што мислат за сексуално образование во ВТОРО одделение?!? Сте ги прашале педагозите и детските психолози ( не тие во “финска” туку нашите) што мислат за сексуално освестување на деца на 6.5/7 години?!? МРШ У ТРИ ЛЕПЕ“, напиша Жугиќ.

И актерот и поранешен  директор на Драмски театар, Сашо Тасевски го критикува воведувањето на сексуално образование во училиштата, притоа пишувајќи дека децата ќе учат за „убавините на педерастијата“.

„Розата од Финска демантира дека во нивниот учебник ќе се промовира педофилија и педерастија. Топ.

Е сега излези и јавно покажи го учебникот со целата содржина. За да ти поверуваме, нели? А бе гони се таму! Ви тече од ногавици. Не знаете веќе од која страна ве шамараат. Ајде, излези со учебникот на виделина. Доста ломотиш за лажни вести и како сме глупави во однос на вашето вистинољубиво благородништво“, напиша Тасевски на Фејсбук.

Од здружението „Од нас за нас“ кои првично ја објавија информацијата дека сексуално образование ќе се воведува од второ одделение и многу други информации меѓу кои и дека децата ќе гледаат фотографии од хомосексуалци во учебниците за 2-ро одделение, објави уште едно соопштение на Фејсбук групата. Во истото се вели:

„Ги повикуваме граѓаните да пристапат внимателно кон вестите кои се презентираат на официјалните медиуми како единствена вистина во поддршка на актуелни владини политики и преку детална анализа на СИТЕ информации кои им се достапни, да пристапат критички за целите на формирање на нивниот личен став. Секоја дискредитација и навреда упатена кон здружението и/или неговите членови е само обид на официјалните институции и официјалните медиуми да ги дискредитираат и придушат информациите позади кои стојат голем број научни трудови, научници, доктори итн. ширум светот, а сè со цел граѓаните да немаат можност да донесат ИНФОРМИРАНА одлука!“

Од МОН реагираа на како што велат на лажните вест,  и упатија повик до граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, но и на целиот образовен систем.

И. Т. З. 

Next Post

Париски „Ла кроа“: Северна Македонија конечно ќе ги преброи своите жители

Shortcut

Најново

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk