ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Во која кујна се спремаат, според чиј рецепт се дозираат лажните вести?

February 1, 2021 13:34
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Наплив од лажни вести, дезинформации, конструкции, манипулации и клевети пласираат медиумите финансирани од сомнителни унгарски извори со до сега невиден интензитет. Во таа дизинформациска канонада покрај добро познатите портали и традиционални медиуми чија главна агенда е да сеат лажни вести и дезинформации, а тоа секогаш е пропратено со клевети и навреди, се појавиваат и „неидентификувани“ фејсбук групи и наменски теледиригирани страници со „примамливи“ имиња. Сите можни пропагандни алатки се искористени односно злоупотребени во таа безкрупулозна агенда за ширење на дезинформации.

Во која кујна се спремаат овие конструкции, според чиј рецепт се дозираат лажните вести?

Според Студија од ЕУ, Мицкоски е извор на лажни вести

Дека изворот на лажни вести е ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски преку медиумите финансирани од унгарски бизнисмени, потврдува и Студија на ЕУ која го посочува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како извор на дезинформации. Во неа поименично се наведуваат медиумите финансирани од унгарски бизнисмени во Северна Македонија како главни извори на дезинформации, но исто така се посочува и на профилите на социјалните медиуми на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Но и покрај тие укажувања и посочувања од страна на ЕУ, „канонадата“ од лажни вести, дезинформации и клевети кои излегуваат од горенаведените кујни не престанува.

Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование.

Лажната вест тргна од Фејбук страната „Од нас за нас“. Се работи за манипулирање со јавноста со дезинформации насочени против реформскиот процес во образовниот систем. На социјалните мрежи бројни активисти и невладини организации вклучени во дебатата за реформите во образованието укажуваат дека воведувањето на сексуално образование од второ одделение е лажна вест, туку дека тоа би одело како пилот проект во 4 основни училишта како изборен предмет на ученици од осмо и девето одделение. Со демант се јави и Министерката за образование и наука.

Категорично ги демантирам невистините проширени од ФБ групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование. Веста е целосно лажна, а користените илустрации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем, истакнува во демантот министерката за образование Царовска

Дезинформации, клевети и пропаганден атак врз семејството на министерот Маричиќ.

Нападот започнува со твит конструкција на извесен Саша Узунов, инсталација на режимот на Груевски. Се работи за неуспешен новинар со македонско потекло кој живее во Австралија. За себе вели дека е „медиумска армија од еден човек“. Одма после после неговата објава тоа го преземаат: „Република“ со наслов „Таткото на Бојан Маричиќ сликан гордо со статуа на Хитлер и книгата Мојата борба“, „Нетпрес“ со наслов „(ФОТО) Узунов објави фотографии од таткото на министерот Маричиќ гордо сликан со статуа на Хитлер“ и „Алфа.мк“ со наслов „Таткото на министерот Бојан Маричиќ гордо позира до статуата на Хитлер (ФОТО)“

Се работи за аматерски изведена конструкција, што се гледа и од начинот на пласирање на самите фотографии во твитот, инаку симнати од Фејсбук профилот на Момир Маричиќ, таткото на министерот Бојан Маричиќ. До фотографиите од посета на Документацискиот центар во Нирнберг, се гледа и коментарот на Момир Маричиќ: „Култот уште живее, ама само во вакви музеи кои служат како опомена“.

Свесен сум дека едноставно се работи за обид за моја дискредитација пред најавената интерпелација од опозицијата и уште повеќе поради почетокот на длабинските реформи во правосудството. Ваквите ниски напади само дополнително ме мотивираат да продолжам уште понапорно да работам за доброто на државата и граѓаните“, истакна Маричиќ.

Лажна вест за пет џипови на сметка на Владата за нивните потреби.

На социјалните мрежи се појави лажна вест за тоа дека Владата за свои лични потреби ќе набави џипови Мерцедес Г-класа вредни 1,5 милиони евра. На ова се огласи Портпаролот на Владата Арсовски на својот Твитер профил и ја демантираше веста.

„Владата никогаш не објавила ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа”, напиша Арсовски.

Креиран лажен профил со името на министерката за одбрана Шекеринска.

Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на својот Твитер налог објави дека е креиран лажен профил со нејзино име, на кој се злоупотребени нејзините податоци и пишувани лажни содржини.

Не успеавте со лажни вести, па се обидувате со лажни профили, пишува Шекеринска.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ демантиран за лажната вест со лекот Клексан

Од Министерството за здравство најостро ги демантираа наводите на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски објавени на социјалните мрежи. Лага е дека лекот Клексан не е на позитивна листа лекови.

Жалиме што народниот избраник наместо одговорност кон своите избирачи, поддржувачи и воопшто граѓаните на Република Северна Македонија избрал да манипулира со нив. Клексанот е болнички лек. Лага е дека лекот Клексан не е на позитивна листа лекови. Истиот се дава исклучиво под надзор на медицинско лице, во присуство на лекар или медицинска сестра. Лекот Клексан може да се купи и од аптека со рецепта препишана само од специјалист, а потоа парите ФЗО РСМ ги рефундира, посочуваат од МЗ во демантот.

Ова е само неделен осврт на тоа што се случува на македонскиот медиумскиот простор со лажните вести.

Она што е индикативно за сите овие случаи на лажни вести, дезинформации, конструкции и манипулации од изминатат недела е тоа што информацијата прво излегува на социјалните мрежи, за потоа координирано се преземе и шири од порталите и телевизијата кои се секогаш во служба на ширење на лажнп вести.

Во Судијата од ЕУ спомната погоре се наведува купувањето на неколку македонски медиуми чии сопственици биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и кои претходно биле примарни извори на провладина пропаганда: ТВ Алфа, и порталите Курир и Република; од страна на унгарски државјани поврзани со тамошниот провладин медиумски пазар.

Откако ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, овие медиуми се вмешани во бројни дезинформациски кампањи, не само за дискредитација на Владата на СДСМ, туку и за поткопување на Преспанскиот договор со Грција и другите евро-атлантски напори на земјата“, се наведува во студијата.

Како што може да се види од посочените лажни вести, никој не е „поштеден“. Се атакува со дезинформации и за личности и за институции, но се манипулира и со чувствата на сите граѓани, поготово во вака осетливи моменти кога пандемијата си го зема својот „данок“.

Овие лажни вести и манипулации наменски се шират свесно да се манипулира со вистината, а потоа дали и кој ќе го види демантот воопшто не ги засега овие сејачи на дезинформации, зашто веќе целта си ја постигнале.

Она што во цела оваа каша дава надеж е што општеството и граѓаните силно се решени да ја извојуваат оваа мачна битка против овој социјален и општествен деструктивен феномен.

Ќе успееме ли во борбата против лажните вести?


Текстот е личен став на авторот.

 

 

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk