Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 44 нови случаи на Ковид-19.
Од последици на коронавирусот починале 4 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 147; 17 лица се наоѓаат на болничко, 116 на домашно лекување, а 14 се лекуваат во дневната болница.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 130 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.563.
Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 237 лицa.