ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес, вели Јовески, д-р Петличковски – колективниот имунитет достигнува 40 %, само ни фали имунизација…

February 2, 2021 11:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Османи до Ландсбергис: Очекуваме почеток на преговорите со ЕУ и признание за дoсегашните напори.Очекуваме непречено спроведување на мартовската одлука за почеток на пристапните преговори и  пробивот во таа насока ќе претставува признание за досегашниот ангажман на нашата земја во европските интегративни процеси, истакна Османи.

Ќучук: Ѕидовите немаат место меѓу земји – соседи, историските спорови не треба да ги запрат реформите во Северна Македонија. Заедничката историска комисија, чија цел е да реши многу прашања што се релевантни, мора да ја продолжи својата работа. Но, политичарите не смеат да го избегнуваат ова прашање, оставајќи го во рацете на историчарите, без оглед колку се компетентни, изјави Ќучук.

Д-р Петличковски: Имаме солидно ниво на колективен имунитет кој достигнува 40 %, само ни фали имунизација и да ја затвориме оваа приказна. Ќе има уште понови соеви, но тоа драстично не влијае на пандемијата која има нормален тек, ништо не се случува спектакулрно со откривањето на нови случаеви, вели директорот на Институтот за имунологија.

Брисел уште нема рок за достава на вакцини за западен Балкан. Портпаролските служби во Европската Комисија стојат на изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен, дадена за МИА пред две недели, дека „што поскоро“ треба да се остварат ветувањата за помош со вакцини за Северна Македонија и регионот.

Зголемен е бројот на нови случаи од Ковид-19, најзастапена е возрасната група над 60 години. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9 отсто во однос на минатата недела.

Заев: И покрај пандемијата, во 2020 имавме најголем поврат на ДДВ кон стопанството. Заев наведува дека во стопанството по основ на поврат на ДДВ кон фирмите се слеани 397,4 милиони евра. Редовниот и навремен поврат на ДДВ кон претпријатијата, според Заев е од големо значење за ликвидноста во стопанството.

Јовески за ДВ: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес. Без разлика на предлогот на јавниот обвинител по жалбата, очигледно е дека во конкретниот случај и Врховниот суд утврдил дека основано е да се уважат жалбите и предметот да се врати на повторена постапка.

Јовески: Потребни се измени во Кривичниот законик за да нема „јавни соби“. Зошто случајот што беше покренат пред една година сè уште е во предистрага, Јовески во интервју за Дојче веле, вели дека во него се засегнати многу оштетени лица и има голем број потенцијални сторители. Дополнително процесот се усложнува бидејќи се постапува правни и физички лица во странство.

Костадинов: Изворот на криминал и корупција е „Белата палата“, ова се неуспешни обиди за интерпелација. Во однос на бојкотот на средношколците, кои бараат полагање на два предмети, наместо четири на предвидената Државна матура, како и поддршката од опозицијата, Костадинов вели: Правото на протест е уставно загарантирано. Јас го разбирам револтот, но мораме да ја сфатиме важноста од полагањето од Државна матура, за понатамошниот тек на образувањето.

Бислимоски: Нема да има промена на цената на струјата. Во моментов се врши дефинирање на категориите на кои ќе им бидат намалени сметките за електрична енергија. Една од таргетираните категории се семејства каде  има еден пензионер со минимална пензија (прва група) и истата е единствен приход, појасни Бислимоски.

Бегалецот Игор Спасов е уапсен во софиската населба Младост по добиена дојава. Полицијата добила сигнал дека тој се крие таму. Спасов беше уапсен вчера попладне, стои на веб страницата на БНР за неговото приведување.

Психолог Хаџиванова: Сексуалните предатори долго ги подготвуваат жртвите за грозоморниот чин. Тие се стекнуваат со доверба кај децата преку нивниот авторитет, некои дури се наметнуваат како идоли, вели Хаџиванова.

Осудениот сексуален грабливец од Србија почнал со отслужување на затворската казна. Милутин Јеличиќ Јутка, бивш претседател на општината Брус во централна Србија, од 25 јануари почнал со отслужување тромесечна казна затвор во КПЗ Ќуприја, извести весникот „Данас“. Тој е осуден за недозволени полови дејствија против бившата вработена во општината Марија Лукиќ.

И. Т. З. 

Next Post

Игор Спасов бил приведен во Софија по пријава за семејно насилство, потоа било утврдено дека е баран од Интерпол

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk