Случајот „Јавна соба“ кога во група на апликацијата Телеграм илјадници членови споделуваа лични фотографии на жени, девојки и малолетнички и навредливи и понижувачки коментари, покажа дека со глобализацијата, се јавуваат и нов вид на кривични дела кои претходно не можеле да се предвидат. Поради тоа, според државниот јавен обвинител Љубомир Јовески потребни се измени и дополнувања на Кривичниот законик, со најавените кривичните дела „демнење“и „сексуално вознемирување“ за да се следи современиот развој.
Зошто случајот што беше покренат пред една година се уште е во предистрага, Јовески во интервју за Дојче веле, вели дека во него се засегнати многу оштетени лица и има голем број потенцијални сторители. Дополнително процесот се усложнува бидејќи се постапува правни и физички лица во странство.
„Неопходна меѓународна правна помош и меѓународна соработка. ‘Јавна соба’ е профил отворен на платформата Телеграм, со седиште во странска држава. Оттука, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање, ниту пак да наредиме за гонење на сторителите да ни ги дадат доказите. Според тоа, во вакви случаи преземањето на определени дејствија бара подолг временски период, но и подготвеност за соработка на странските правосудни органи“, објаснува Јовески.
Избор: 360 степени







