Според психологот Ивана Хаџиванова, профилот на оние предатори кои се јавуваат меѓу педагози е специфичен, бидејќи тие долго ги подготвуваат жртвите пред да го сторат грозоморниот чин. Хаџиванова во интервју за Макафакс вели дека предаторите дури се наметнуваат како идоли.
„Тие се стекнуваат со доверба кај децата преку нивниот авторитет, некои дури се наметнуваат како идоли. Секако не треба да се генерализира, но зборувам за конкретните примери кои се актуелни во јавноста“, вели Хаџиванова.
Извор: Макафакс







