ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јовески за ДВ: Повторената постапка за „Монструм“ ги отстрани сомнежите за монтиран процес

February 2, 2021 09:07
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве Обвинителството е во фокусот на јавноста заради „Јавна соба“, но уште повеќе заради „Монструм“, случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Разговорот со републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, нѐ наврати на потегот на обвинителката Лилјана Спасовска, која во 2017 година предложи Врховниот суд да ги укине пресудите на првостепениот и второстепениот суд за доживотен затвор на обвинетите во „Монструм” и предметот да го врати на повторно одлучување. Тоа го образложи со неутврдена фактичка состојба, со евентуално постоење на прислушувани разговори кои ги поседува СЈО а кои би можеле да го сменат текот на постапката, но и поради жалбите на одбраната на осудените за вештачењата, како и за различните искази на заштитен сведок. Врховниот суд го прифати предлогот, но денес во јавноста тлее впечатокот дека повторениот процес не донесе ништо ново, освен закани кон обвинителите, и повторување на старите обвинувања за монтиран процес, пишува Дојче веле.

ДВ: Случајот почна со протести и обвинувања за монтиран процес, така и завршува.Од аспект на правдата, што добивме, што изгубивме?

Јовески: Пред се би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека на одбраната не и е овозможен увид во возилото со што е повреден принципот на еднаквост на оружјето, но и на други околности од утврдената фактичка состојба. Според тоа, без разлика на предлогот на јавниот обвинител по жалбата, очигледно е дека во конкретниот случај и Врховниот суд утврдил дека основано е да се уважат жалбите и предметот да се врати на повторена постапка.

Не се согласувам со вашата констатација дека при повторената постапка не се доби ништо ново освен нападите врз јавните обвинители кои го застапуваат обвинението, од причина што за еден обвинет е повлечено обвинението, а за другите обвинети прецизирани се дејствијата од кривичното дело и се подведени под соодветна правна квалификација. Според тоа во оваа постапка, по мое мислење, отстранети се противречностите и сомневањата во однос на извршеното неправо и конкретната кривична одговорност на обвинетите.

Повторената постапка со утврдување на сите релевантни факти за делото на обвинетите и нивната кривична одговорност ги отстрануваат сомнежите дека се работи за монтиран процес. Обвинителството е гарант за законитоста во кривичното право и не може да премине преку случаи во кои постои сомневање во делот на утврдените факти и правилна примена на правото. Имајте предвид дека јавните обвинители, имаат обврска, не само да ги гонат сторителите на кривичните дела, туку и да ги гарантираат правата на сите странки во постапката, да бараат и изведуваат докази кои се против, но и оние кои одат во прилог на осомничените. Притоа, како што можеше да се забележи и од завршните зборови на јавните обвинители, на рочиштето кое беше јавно, обвинителството изнесе фактичка состојба која е поинаква од изложеното во укинатата пресуда и поинаква кривична одговорност на обвинетите.

ДВ: Уште пред да се изјасни Врховниот суд, во експертската јавност имаше оценки дека евентуалната нова проверка на „Монструм” ќе го провери и судството. Денес, кога тој процес е пред крај, според вас, кој го положи испитот?

Правото и правдата. Нема победници, ниту губитници во судскиот случај. Заради жртвите и оштетените, извршителите мора да се изнесат пред лицето на правдата. И тоа да е сторено на законит начин и  со цврсти и издржани докази. Најзначајно од сѐ, е тоа што сторителите на ова тешко дело се обвинети врз основа на неспорни и цврсти докази во законита постапка.

Целото интервју на Дојче веле.

Next Post

Модерна ќе го зголеми производството на вакцини

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk