„Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност. Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност. Идеалите и заложбите на овој великан се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, која денеска е дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и земја која чекори кон членство во ЕУ“ – напиша Зоран Заев на својата Фејсбук страница.
Неговата изјава е придружена со грижливо изработена илустрација, во веќе препознатлив и популарен стил, на која има фотографија од споменик од македонскиот револуционер, заедно со натписот: „149 години од раѓањето на Гоце Делчев“.
Мицкоски, очаен да добие трошка внимание, се впушти во расправија со оние што коментираат под објавата на Фејсбук страницата на Заев.
„Бидејќи гледам дека премиерот реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите во македонската историја.“
Прилично аматерски, зарем не?
Д. Е.