ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Бектеши: Мерките од петтиот сет ќе бидат во насока на проактивност на компаниите

February 4, 2021 21:17
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките од петтиот сет ќе бидат во насока на проактивност и на стопанството и на институциите. Целта е компаниите да покажат позитивни резултати, а Владата ќе ги поддржи преку грантови шеми, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Вин Вин на Телма Телевзија.

Со петтиот сет мерки предвидено е во економијата директно да се вбризгаат 50 до 60 милиони евра, но преку различни олеснувања и автономни мерки, ефектот како средства одвоени од буџетот ќе биде многу поголем.

“Имајќи го во предвид и бројот на заразени и како се одвива епидемиолошката состојба во државата и во регионот, време е веќе да започнеме со мерки каде ќе бидеме проактивни како институции и како стопанственици, а да не бидеме само пасивни. Со покажување на позитивни резултати сакаме да ги поддржиме компаниите преку грантови шеми, со што се консултиравме и со експерти во однос на реализиција на првите сета на мерки. Ако видиме од првите месеци од почетокот на пандемијата преку мерката за финаниска поддршка за исплата на плати каде што дадовме поддршка за 12 илјади вработени, во декември таа бројка е на половина. Тоа ни дава на право да одиме со мерки како што се бескаматни кредити во делот на исплата на плати“ кажа министерот Бектеши.

Тој потенцираше дека дека со четирите сета мерки кои се донесени не само што се зачувани работните места, не само што се помогнати најпогодените бизниси туку во декмеври имаме и раст на индустриското производство.

“Влегуваме во фаза каде што мерките треба да бидат дизајнирани за различни сектори кои се најпогодени и со помошта која како држава која ќе ја дадеме да се вратат на пазарот и да работат како во претходните години пред пандемијата. На маса имаме две опции за поддршка за исплата на плати кои ги разговаравме со коморите. Сакаме компаниите, посебно од секторите кои се најпогодени да бидат охрабрени и заедно со институциите во време на криза да покажуваат резултати“ кажа министерот Бектеши и појасни дека размислувањата се сега, компаниите кои што ќе добијат бескаматен кредит за исплата на плати, а ќе покажат позитивни резултати на крајот на годината, скалесто ќе добијат грантови.

Според министерот ова не е конечна одлука.Во зависност како што ќе се одвива пандемијата, ќе се донесат и нови мерки како и во изминатиот период.

Министерот ја повика опозицијата да учествува во поддршка на стопанството во справување со пандемијата преку гласање на законските решенија доставени во Собранието, како што е Законот за државна гарантна шема со која ќе се помогне во зголемување на ликвидноста на компаниите и на нивната конкурентност.

Next Post

Travelers Cycling – веб апликација што им помага на велосипедистите полесно да стигнат до целта

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk