пишува: РИБАРО
– Дечки, денеска одам во потрага и молба од „Порше Македонија“ да ни излезат во пресрет и да ни дадат коли за протестите кои што ги планираме, ги информирал Мицкоски своите соработници, јавуваат извори од белата палата на вмровците за АХА.
„Е сеа, дали ќе ни ги дадат на лизинг, на услуга и како веќе ќе се згоди, не знам, ама нови коли очајно ни се потребни за да можеме да ги одржиме протестите, да функционираме како сериозна партија која се грижи за имиџот и на сопартијците и на партијата како бренд. Ќе им речам дека ни се потребни неколку мерцедеси како оној белиот што го користевме како знаменосец во еден од минатите протести, ама ќе инсистирам да ни дадат уште понови и порепрезентативни модели. Ако ќариме и порше Кашкај ќе биде топ, ама ајде да не прејудицирам.“, Мицкоски возбуден ги информирал соработниците.
– Шерфе, Кајен е тоа од поршето, Кашкајот е од Нисан, а уште поважно Порше Македонија не е застапник за мерцедес, тоа е друга компанија немој да се брукаш, го посоветувал еден од сопартијците.
– Дај бе не ситничари не ми се прави паметен, битно е да ќариме коли, возвратил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK