ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Немаме право стратешките проекти да ги врзуваме за нашите мандати

February 8, 2021 09:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за Слободен печат зборува за случувањата околу СРЦ „Треска“, за стратешките проекти и за состојбата на градската каса и најавува дека наредната година Скопје ќе добие забавен парк.

Стигнуваат обвинувања на Ваша адреса за случувањата во СРЦ „Треска“. Вие велите минатата градска администрација го дала во владение на Општина Сарај, тие велат не е точно. Која е вистината?

– Во недостаток на градска политика, во ВМРО-ДПМНЕ одбираат само да негираат сѐ што е добро направено. Или да импутираат проблеми кон мене, кои не се проблеми што јас сум ги направил, ниту можам да ги решам. СРЦ „Треска“ е доделено на Општина Сарај со одлука на Владата во 2012 година, а Градот потоа се расходувал со одлука на Советот. Во моментов таму почна да се работи, а сега повторно има обвинувања, зошто се работи. Нема друг начин како да го вратиме СРЦ „Треска“, ако не се обнови. Ние успеавме овој проблем да го издигнеме на државно ниво, при што Владата го прогласи за туристичка зона, со цел да се олесни привлекувањето потенцијални инвеститори. Дел од земјоделското земјиште од селата Шишево и Глумово беше трансформирано во градежно, а Општина Сарај имаше обврска да направи детален урбанистички план, за територијата околу езерото. Според информациите што јас ги имам, почнува да се реализира ДУП на Сарај. Се крена многу врева за монтажните туш-кабини кои се уриваат, а се неупотребливи. Таму ќе има и хотелски комплекс, така што ќе се привлечат туристи.

Има проекти што ги најавивте во предизборната кампања, а сѐ уште не се реализирани. Дали ќе побарате втор мандат за да ги реализирате проектите како Луна паркот и Универзалната сала?

– Немаме право стратешките проекти, каков што е Универзална сала, да ги врзуваме за нашите мандати. Нашите мандати се променливи, а тоа се работи што треба да останат. За Универзална сала минатата година имаше сериозна дебата во јавноста. Проценката на стручната јавност беше дека на таа локација не можеме да имаме поголем објект, туку само можеме да извршиме реконструкција на постојниот објект. Одвоени се средства од Владата во износ од два милиона евра. Треба да бидеме внимателни, станува збор за еден фундаментален објект. Се прават и анализи од Институтот за сеизмологија, во однос на издржливоста на објектот. Што се однесува до забавниот парк, тој беше во програмата за јавни набавки за минатата година, но пандемијата го одложи процесот. Средствата ги пренаменивме за изградба на инфраструктура, со цел да ја помогнеме домашната економија и домашните фирми. Одлучивме да инвестираме во забавниот парк, кој дури и да беше готов, ќе беше неупотреблив. Ме нервира опозицијата што од една страна ме прозива зошто не сум го направил забавниот парк, а од друга страна ме обвинува што сум потрошил 300.000 евра за Дино парк. Тоа е лицемерие. Реализацијата на забавниот парк е предвиден во овогодинешниот буџет. Верувам дека ќе можеме оваа година да ја распишеме постапката. Многу е важно Скопје да добие забавен парк како концепт во кој ќе можете да го поминете целиот ден. Такви забавни паркови нема во радиус од 300 километри, а тоа нам ќе ни овозможи да бидеме туристичка атракција. Верувам дека до средината на 2022 година во Скопје ќе има забавен парк.

Каков е планот за 2021 година во однос на инфраструктурата?

– Годинава би требало да го реконструираме булеварот Киро Глигоров. ТАВ со седум милиони евра ќе го финансира пробивањето на Илинденска кон западниот дел од градот кон Волково. Реализацијата треба да започне во март. Проектот е целосно готов. Мостот ќе го поврзува Карпош 4 со Бардовци, а во втората фаза ќе се спои со булевар Словенија, а оттука со Визбегово и со Волково. Тоа се проекти од стратешки развој на Скопје, бидејќи ќе се овозможи проширување на градот и кон овие населби. Освен дневните проблеми што треба да ги решаваме, да зборуваме за визија за развој на градот, без притоа да се девастира урбанизмот како што беше случај во минатото.

Вашиот претходник Коце Трајановски обвинува дека градската каса ја оставил полна пред неговото заминување, а сега е празна и Градот е задолжен. Дали е ова точно?

– Не е точно. И тогаш имало кредитни задолжувања. Има и сега. Од кредитите што ги наследив има само по еден кредит за катните гаражи што ќе се расчисти во 2021 година. Кредитот на Градот беше околу 11 милиони евра кога јас станав градоначалник, долг што веќе сме го отплатиле. Градот имаше на сметка околу 800 милиони денари, меѓутоа обврски од склучени договори имаше од 2 милијарди и осумстотини милиони денари. Во овој момент на сметка на Градот има околу 650 милиони денари и склучени договори за 2,2 милијарди денари. Тоа е показател дека градот се раздолжувал во изминатиов период, а сепак во меѓувреме завршивме и многу работа.

Извор: Слободен печат

Next Post

Во Кина уапсена новинарка поради наводно оддавање на државни тајни

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

August 16, 2025

Зеленски: Без трилатерална средба, треба да следуваат построги санкции за Русија

August 16, 2025

Стармер: Зеленски мора да учествува во идните мировни преговори

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk