Како сега тие што ја бранат концепцијата се „партизирани” (ја, Најче, Ирена Цветковиќ?), а тие што напаѓаат не се?
Ратко Дуев (деканот на Филозофски) е човек на ВМРО, Петар Атанасов даде оставка преклани оти Заев не го ставил министер (си кажа отворено, прочитајте си) и на дебатата беше како предлог на ВМРО, Владимир Петрушевски со функционерско портфолио од она недоволно награденото полу-шарено (на две столчиња беше) незадоволно милје, проректор во време на Пленумите, Елка Јачева и цело друштво македонистки и историчарки учествуваа во кампањата на Силјановска.
Може е јасно која од двете партии ми е поблиска, но јас меѓу политичките елити не сум и не сум била, ни по природа на ангажман, ни опкружување па ни примања.
Не глумете неутралност, особено вие, либералните медиуми кои им давате платформа, ништо тука не е неутрално.
Фејсбук објава од Катерина Колозова