Во последната верзија на предлог-законот, опфатени се 34 дејности за кои ќе биде дозволено да работат во недела, тоа се вработени во јавни претпријатија и институции од витално значење. Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, 30 проценти од дејностите ќе бидат исклучок во новото законско решение, но тоа нема да бидат сите вработени туку неопходниот минимум за да не се прекине континуитетот и да може државата да функциноира.
Сите честички коронавирус, кои моментно циркулираат во светот, лесно може да ги собере во една лименка за сок, пресметал британски математичар обидувајќи се да прикаже колку голем проблем може да предизвика нешто толку мало.
Британците треба да ја сметаат вакцинацијата против Ковид-19 како вакцина против грип што редовно ќе ја примаат поранливите луѓе, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
Од таму додаваат дека тие во соработка со Министерството за образование се носители на програмата за реализација на манифестацијата „2021 – година во чест на Блаже Конески“, која ќе се одвива под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Носењето две маски преку лицето – платнена врз хируршка – ја зголемува заштитата од Ковид-19 на 92,5 проценти, се нагласува во анализа на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Амбасадорката Аксинте го поздрави функционирањето на Собранието како важен промотор
на реформските закони кои се во интерес на сите граѓани и сподели значајна констатација
дека воспоставеното пријателство помеѓу двата законодавни дома на Романија и Република
Северна Македонија, во март оваа година ќе бележи 20-годишна традиција на соработка
помеѓу парламентарните групи за соработка и силно го поздрави тоа.
Во Велес регистрирани се две лица заразени од британскиот сој на коронавирус. Станува збир за маж и жена, и двајцата од Велес, кои се хоспитализирани на Инфективното одделение при велешката Општа Болница, информира за МИА д-р Весна Николовска Неделкова директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје.