ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Во недела ќе работи само неопходен минимум од дејностите кои се исклучок

February 10, 2021 20:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во последната верзија на предлог-законот, опфатени се 34 дејности за кои ќе биде дозволено да работат во недела, тоа се вработени во јавни претпријатија и институции од витално значење. Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, 30 проценти од дејностите ќе бидат исклучок во новото законско решение, но тоа нема да бидат сите вработени туку неопходниот минимум за да не се прекине континуитетот и да може државата да функциноира.

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма Шахпаска посочи дека треба да се направи реорганизација на работниот процес и да се стекне навика за заштита на работничките права кои и сега се регулирани во Законот за работни односи но се прекршуваат од работодавачите. Работникот кој ќе работи во недела треба да добива 50 отсто дневница и слободен ден во седмицата потоа. Шахпаска рече засега не може да се направи анализа за финансиските импликации, но смета дека новото решение нема да ја зголеми  невработеноста.

– Не можеме да ја оставиме државата без дејности кои се неопходни за да да може да функционира. Сите процеси кои имаат континуитет не смеат да прекинат, но со неопходен минимум за да функциноираат. Како Влада ќе бидеме неуспешни ако има отпуштање од работа. Само со добра организација и промена на навиките може да се врати она што се викаше работничко право, рече Шахпаска.

Појасни дека законското решение предвидува активно вклучување на Трудовиот инспекторат и дека ќе има мерка за затворање на субјектот (веројатно 15 дена) кој ќе работи во недела, а покрај тоа ќе има и парична казна согласно со  Законот за прекршоци. Смета дека тоа ќе биде сериозна опомена, ќе се почитуваат правата на работниците, а со неработната недела ќе се вратат и семејните вредности.

Според пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, законот за недела неработен ден е популистички со кој власта сака да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми, како што се немањето вакцини, невработеноста и проблемите во економијата.

– Во моменти кога има над 50 000 невработени како резултат на пандемијата, власта турка закон за недела да биде неработен ден, рече Ласовска,  додавајќи дека над 30 стопански гранки нема да видат никаков бенефит од законот и дека конфекциите во Источна Македонија имаат нарачки само до февруари.

Ангел Димиров од Организација на работодавачи смета дека треба да се допрецизира кој нема да работи зашто има дејности кои ќе бидат опфатени но тие имаат сервисни служби кои мора да работат, како што е случајот со фабриките за млеко и нивните служби.

Смета и дека негативен аспект од овој закон е што ќе се загубат приходи од купувачи од Косово, Србија и Бугарија кои ги посетуваат нашите молови, а ќе се изгуби и девизниот прилив ако нашите граѓани одат да пазарат во Србија каде што продавниците работат во недела.

Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ рече дека ќе нема проблеми во почитување на законот зашто околу 90 отсто од дејностите се под јавна администрација, имаат работно време и синдикати. Проблемот го гледа во приватниот сектор каде што најмногу се прекршуваат работничките права, посочувајќи ги како пример моловите кои работат и во недела, а вработените имаат еден или два дена слободни во месецот.

Next Post

Вечерен преглед: Поштенска марка со ликот на Блаже Конески, само 34 дејности ќе работат во недела, се шири британскиот сој на ковид 19

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk