ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Процесот „Учи паметно, работи стручно“ привлече над 450 компании кои сакаат да примат ученици на практична работа

February 12, 2021 16:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Зоран Заев од Тетово каде учествуваше на консултативен состанок со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во рамки на процесот „Учи паметно, работи стручно“, посочи дека стотици компании веќе искажале интерес да примат средношколци на практична работа. Според премиерот целта на овој процес е да се подготват колку што може повеќе млади кадри според потребите на пазарот на труд.

-Се работи за висока профилација на млади кадри коишто заедно во соработка со компаниите во текот на целото средно образование практично да ги остручиме и обучиме и да бидат подготвени за пазарот на трудот. Се пријавија повеќе од 450 компании подготвени да соработуваат со општините но и со средните стручни школи се со конечна цел да дадеме внимание и има привлечност кај децата за нивно запишување во средното стручно образование, рече Заев.

Тој посочи дека со практичното надоградува од прва до четврта година, лесно може да им обезбеди работно место да бидат сериозно квалификувани и да биде држава компетитивна со другите земји.

-Стручното образование овозможува продолжување во високото образование на сите технички факултети да се доусовршат. Ја упатувам пораката до сите македонски компани да ги отворат вратите за сите средношколци да се стекнат со практични вештини, придобивка за компаниите ќе биде тоа што ќе имаат веќе стручно подготвени млади кадри кои по завршување на средното образование би биле ангажирани во самите компании. За децата тоа ќе значи дека ќе бидат подготвени да влезат во фабриките и погоните и да бараат добра плата и да можат да го креираат својот живот како млади луѓе, истакна Заев.

Заменик министерот за образование Арафат Шабани истакна дека се прават анализи за профилирање во средното стручно образование низ целата држава.

-Ние како Министерство за образование и наука со помош на амбасадата на Швајцарија ги правиме овие анализи и денеска во Тетово заедно со компаниите правиме анализа за пазарот на трудот да дефинираме кои профили за иднина учебна година се потребни, рече Арафат Шабани.

Амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада истакна дека нејзината земја отсекогаш ги поддржува ваквите чекори.

-Ние во Швајцарија велиме дека ова е еден од нашите најголеми извозни продукти, би сакале учениците во стручни училишта да не учат само теорија туку да работат и практично. Се надевам дека во иднина ќе формираме еден систем од кој ќе му служи на приватниот сектор, рече амбасадорката.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи истакна дека заложбите на процесот сè што повеќе да се зголеми квалитетот во стручното образование и тие ученици што побрзо најдат вработување.

 

/МИА/
Next Post

Бектеши: И финансиската поддршка за исплата на платите, но и бескаматни кредити ќе бидат составен дел од петтиот сет економски мерки

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk