ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Мечките и Македонците, ИО за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ: Зборот на Мицкоски не вреди ништо……

February 14, 2021 18:03
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Мечките и Македонците. За разлика од мечките, Македонците се будат на првиот снег и го изразуваат своето незадоволство од државата и од локалната самоуправа во шумата. Завиваат како елени во сезоната на парењето. Никој не им ги чисти улиците и тротоарите, а тоа овие цицачи ги доведува во сериозна опасност, дури ги става на листата на загрозените видови: се лизгаат, кршат нозе и раце, понекогаш и глави….пишува Бранко Тричковски.

Станишев: Софија мора да стави до знаење дека сегашната Влада во Северна Македонија искрено сака да бидат надминати недоразбирањата. Според него, премиерот Зоран Заев имал волја да отвори нова страница во билатералните односи со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство и за тоа имал политички напади.

ИО за вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ: Зборот на Мицкоски не вреди ништо. Овие три години, политичкото делување на Мицкоски го обележаа манипулации и лажни ветувања кон членството. Тоа на власта и овозможи комоција, а на Македонија и донесе продлабочување на кризата. Неговите лаги ги препознаа гласачите и затоа ВМРО-ДПМНЕ падна од 455.000 гласови на 315.000 гласови.

Над 43.300 граѓани се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку онлајн апликацијата. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Регистрирани 180 нови случаи на ковид 19. Регистрирани се 206 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г).

Заев му подари симболичен подарок на Вучиќ – икона од Св.Пантелејмон, чувар на болните и изнемоштените. Србија денеска ги достави првите дози од донацијата која предвидува 8.000 вакцини на Фајзер/БиоНтек.

На Шапка 71 сантиметар снег, во Маврово 44. До крајот на денот ќе биде облачно, во јужните делови со повремени врнежи од снег, кои до крајот на денот ќе престанат. Во текот на ноќта умерено облачно со умерен до засилен северен ветер.

 Муареми: Ги вадиме незаконските активности од под тепих, па нормално е да има прашина. Ние како институција го даваме нашиот максимум. Имајќи предвид дека Управата има намалени, односно ограничени капацитети и од човечки аспект, меѓутоа и од други ресурси коишто ни се потребни за нормално раководење и функционирање на институцијата, рече првиот човек на Управата на финансиска полиција.
Хакиран сајтот на Централната изборната комисија на Косово, поставени реклами за „Вијагра“. За разлика од англиската, верзиите на албански и на српски јазик работат без поголеми проблеми.
Израел со благодарност до бугарските власти за откажувањето на Луков марш. Израелскиот министер за надворешни работи Габи Ешкенази го коментираше одложениот Луков марш во главниот град на Бугарија и им честиташе на бугарските власти, а особено на премиерот Бојко Борисов за неговите напори што доведоа до прекин на настанот.
И. Т. З. 
Next Post

Филипче: Политиката не игра улога во набавката на вакцините

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk