Политиката не игра улога во набавката на вакцините. Компанијата Фајзер најпрво ја избравме затоа што беше најнапред со клиничките студии, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за 25 минути на ТВ 24.
„Toa e прашање кои ги следи правилата во делот на завршување на студиите и сертификатите. Сега како завршуваат сите други процеси кај другите производители така ќе се зголемува и достапноста до вакцини“, вали Филипче.
Иако земјите сè уште не се усогласени во врска со вакциналните пасоши, Филипче вели дека граѓаните кои ќе се вакцинираат кај нас ќе добијат сертификат, односно соодветна потврда дека ја примиле вакцината.