Во своето гостување во „Топ тема“, поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски, посочи која е вистинската проблематика во однос на Законот за воведување на етничка припадност во личните карти.
„Граѓанско општество не е општество кадешто се сите исти, туку се еднакви со сите права. Вака предложеното законско решение, има добри, но и работи кои треба да се дискутираат. Ова е идеја за која треба да се разговара, но треба да се примени правилно. Ако е задолжителен овој Закон, ќе може да се третира како ризик за граѓанското општество. Не треба да пристапуваме кон оваа тематика со или-или пристап“, истакна Богоевски.