Потврдено договореното решение за државната матура, Заев ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.
Премиерот Зоран Заев ја отфрли можноста за одржување предвремени парламентарни избори заедно со локалните, а за пописот вели дека дефинитивно ќе се спроведе од 1 до 21 април и оти дебатата во таа смисла е завршена.
Петтиот пакет мерки го работевме и викендот, со министерот за финансии, потпретседателот за економски прашања, со другите економски ресори постојано во комуникација и координација, верувам дека во вторник Владата ќе носи одлука за нив, при самиот крај сме, вели Премиерот Заев.
На осудениот криминалец Милошоски, местото не му е ниту во Собранието, ниту во политиката. Последните докази за скандалот „Кражба“ потврдија дека Антонијо Милошоски извршил криминални дејствија кражба и фалсификување кога студирал и живеел во Германија, велат од СДСМ.
Поранешниот градоначалник на општина Аеродром и дел од Иницијативниот одбор за промени во ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски денеска објави дека во изминатите денови на социјалните мрежи се „соочени со гнасни и мизерни нападни од страна на блиски луѓе на Мицкоски.
Премиерот Зоран Заев за идната недела најави средба на шефицата на бугарската дипломатија и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тие ќе треба да го договорат терминот за меѓувладина конференција на Северна Македонија и Бугарија, на која треба да се усвои акцискиот план.
Министерот за правда Бојан Маричиќ не забранил да се користи името „Македонија“ во називите на приватни субјекти. Во овие овие неколку месеци додека е на позицијата министер за правда потпишал повеќе решенија за трговски друштва да го користат истото, секако согласно Уставот и законите.
Вакцинацијата против Ковид-19 во земјава почнува утре, и тоа најпрвин со вакцинирање на зравствените работници од Инфективната клиника во Скопје.
Се чекаат насоки за вакцинација на хронично болните и старите луѓе. Во Модуларната болница денес ќе се направи уште една обука на тимовите за спроведување на вакцинацијата, вели директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.






