ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Вакцинацијата почнува со медицинските работници од Инфективна, 8 Септември, Козле, една од ретките земји со целосно вакциниран медицински персонал, „Недела – ден за одмор“

February 16, 2021 20:53
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во вечерашното гостување во вестите на ТВ Сител истакна дека утрешниот почеток на вакцинацијата против ковид-19 во земјата е всушност почеток на последната фаза во борбата со пандемијата. Филипче рече дека за десет дена се навршува точно една година од првиот регистиран случај во нашата земја и потсети дека ова беше година на многу неизвесности- како да се одржи здравствениот систем стабилен, како да се спаси секој еден човечки животи.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески.

Во своето гостување во дневникот на Тв Сител, министерот за здравство, Венко Филипче ја потврди динамиката со која ќе се одвива процесот на вакцинација, и најави кога се очекува да пристигнат остатокот од вакцините од Србија, како и кинеските вакцини за кои потврди дека ќе бидат 200.000 дози.

Ставот на СДСМ е јасен и рековме дека сме овој закон да влезе во собраниска процедура, дека ќе го поддржиме со мали измени. Тие мали измени сме подготвени да ги образложиме. Ние реков дека сме за овој закон да влезе во законска процедура потребни се мали измени впрочем ние предложивме два амандман и најавуваме уште еден за да се допрецизира за тоа дали ќе биде задолжително запишувањето на етничката определба во личната карта, односно ние бараме тоа да не биде задолжително затоа што ќе се коси со Уставот, изјави Петровска.

Покрај сите пречки со кои се соочуваше во истрагата за случајот „Таргет-Тврдина”, како што се криење и недоставување на докази за чие обезбедување постоеја и судски наредби, системска и судска поддршка во опструкции на истрагата, уништување и бришење на докази, влијание на сведоци, иницирање на постапки против обвинителите, Обвинителството успеа да докаже дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат, рече обвинителката Ленче Ристовска, во завршните зборови за главниот предмет за незаконското прислушување кое се вршело од 2008 до 2015 година.

Нацрт решението за измени и дополнувања на Законот за работни односи, кои се однесуваат на прогласувањето на денот недела за неработен, беше тема на дискусија на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и советникот на премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ со претставници на стопанските комори членки на Платформата за јавно-приватен дијалог – Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

Биткоинот денеска за првпат ја премина цената од 50.000 американски долари, продолжувајќи го својот забрзан раст. Сепак, овој премин на големата психолошка граница траеше кратко, падна под оваа граница и вредеше 49.235 долари.

Next Post

Сарачини во Топ тема: Единствена заедница во моментот којшто е бележана во Македонија е албанската етничка заедница

НАЈНОВО

Рокас до Мицкоски: ЕУ е на ваша страна во овој процес, но одговорноста е ваша

November 6, 2025

Мицкоски за Извештајот од ЕК: Остануваме целосно посветени на европскиот пат

November 6, 2025

(ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk