Министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за сојузни, европски и меѓународни прашања на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Штефан Холтхоф-Фертнер ќе потпишат Заедничка декларација за намери за соработка меѓу владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија.
Потпишувањето се одржува преку видео врска, заради епидемиолошките услови, а на свечената церемонија во Скопје присуствува и амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн.







