„Овој пакет се надоврзува на претходните четири пакет економски мерки, а има за цел да ја придвижи економијата кон нам познатите стапки на економски развој во распон од 4 до 5 проценти, односно на динамиката на раст којашто ја имавме пред пандемијата. Кај повеќето мерки поддршката ќе се користи до крајот на 2021 година, со цел да имаат влијание и ефект врз економијата во текот на целата година“, истакна премиерот Зоран Заев на презентацијата на петтиот пакет економски мерки.
Петтиот сет како што нагласи премиерот, содржи вкупно 29 економски мерки во вкупна вредност од околу 160 милиони евра, од кои 91,7 милиони евра се директни буџетски трошења и мерките се распоредени во четири главни столбови.
- финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места и тоа во секотрите: туризам, занаетчиство, угостителтво, транспорт, индустрија.
- Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити.
- Креирање на поповолно деловно опкружување, преку намалување на давачки и даночно олеснување.
- Поддршка директно за граѓаните погодени од пандемијата.
Како што нагласуваат владините служби петтиот пакет економски мерки е донесен во инклузивен процес со сите релевантни чинители во процесот, според истиот принцип како и изминатите четири пакети економски мерки. На прес-конференцијата присутни се и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.
Ј. Ѓ.