ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовски и Хоџа: Стартува процесот на имунизација, со Петтиот пакет мерки започнува рестартирање на економијата и враќање на стапките на раст пред кризата

February 17, 2021 13:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Мухамед Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 45-та седница на Владата и одговараа на прашања на новинарите, дознаваме од владини извори.

На самиот почеток владините портпароли соопштија дека во нашата држава почнува процесот на имунизацијата на населението, при што денеска 260 здравствени работници ќе ја примат првата доза на вакцината.
Информирајќи за одлуките на 45-та владина седница, портпаролите се задржаа на Петтиот пакет економски мерки, кој има за цел рестартирање на економијата и враќање на стапките на економски раст во интервал од 4-5% од пред настапување на кризата, и за директна поддршка на стопанството, компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и работните услови.
Вредноста на овој предлогот е проценет на 9.773.100.000 денари или 158.912.195 евра, а вчера беше во детали претставен од страна на премиерот Зоран Заев и економските министри.
На прес-конференцијата беше посочено дека на вчерашната седница на предлог на Министерството за здравство, Владата ја разгледа и усвои Информација со Предлог – барање за автентично толкување на членот 49 став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до Собранието на Република Северна Македонија.
Оваа постапка Владата ја покренува заради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и заради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, односно дали сушениот цвет може да добие третман на препарат на супстанции и растенија класифицирани во листите II и III, којшто е подобен за извоз надвор од територијата на Република Северна Македонија.
Портпаролите информираа и за вчерашната средба на тема УНЕСКО на премиерот Заев и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со градоначалниците на Општина Охрид – Константин Георгиески, на Општина Струга – Рамиз Мерко и на Општина Дебрца – Зоран Ногачески. Средбата следува по усвоениот извештај за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион, со кој е опфатен напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство и ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави најдоцна до следниот четврток.
На прес-конференцијата портпаролите соопштија дека продолжува етапната, предвремена исплата на пензиите за месец февруари   2021 година.
Одговарајќи на новинарско прашање за најавениот, од страна на министерот за надворешни работи Бујар Османи, нов пристап во разговорите со Бугарија, портпаролот Арсовски истакна дека во завршна фаза е усогласувањето на еден единствен Акциски план со Република Бугарија.
„Владата цело време е силно мотивирана низ дијалог да се најдат заеднички точки за отворените прашања. Експертските тимови од министерствата за надворешни работи се во постојана комуникација. Министерот Османи најави нов пристап растоварен од емоции што е дополнителен поттик на процесот“, истакна портпаролот Арсовски.
Тој дополни дека на одредени точки од Акциониот план работата може веднаш да почне.
„Такви точки се инфраструктурата, спортот, образованието, информатичкото општество, туризмот и други обврски коишто се на двете страни сè со цел да го јакнеме пријателството помеѓу Северна Македонија и Република Бугарија. Во духот на конструктивноста, Владата секогаш комуницира со внимателен и достоен дипломатски наратив, со апел да негуваме говор и комуникација што ги приближуваат разликите“, наведе Арсовски.
Арсовски истакна дека секој јавен настап, без оглед од која страна доаѓа, треба да биде во функција на создавање на пријателски амбиент во кој полесно се доаѓа до решенија.
„Македонските позиции се познати и јавно потврдени: за македонскиот идентитет, народ и јазик не се разговара и нема да се преговара. Во исто време, апелираме да не се влегува во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои нема да донесат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ“, потенцираше портпаролот Арсовски.
Next Post

ФИТР е првата државна институција со ИСО стандард за спречување корупција

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk