ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

„Граѓански“ концепт

February 17, 2021 13:13
in ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ 

Сè додека поимот „Македонија“ и придавката „македонски“ за многумина има етнички ексклузивитет и ја поврзуваат само со Македонците како народ, невозможен е граѓански концепт по европски терк во Северна Македонија.

Невозможно е Македонија да биде само на Македонците во етничка смисла, а да биде граѓанска држава!

Невозможна е граѓанска држава, во која едни се НАРОД со предимство и „стопани“, а други се МАЛЦИНСТВА и „кираџии“! Невозможно е да велиме дека градиме граѓанска држава, а сите „граѓански“ устави на земјава да имаат дефиниции во кои граѓаните се во различни категории – народ, делови од народи, националности, народности, малцинства – врз основа на етничката припадност.

Невозможен е граѓански концепт во мултиетничка земја со ексклузивитет на еден јазик! Погледнете ги европските земји кон кои стремиме и што се мултиетнички како нас. Да, тие не означуваат етничка припадност во лични карти, но ги признаваат јазиците на нивните етнички заедници на еднаква основа во сите документи!

Погледнете ги Белгија, Швајцарија, Данска, Финска и други, и сетете се како јавноста ја масакрираше „двојазичноста“ кај нас. А замислете тек што би било кога на личните карти би користеле 4 јазици како Белгијците или Швајцарците.

За да бидеме таква граѓанска држава и да не се „бележиме“ во личните карти, драги мои, треба да станеме прво такви граѓани, да разбереме дека сите сме еднакви, дека поимот „Македонија“ ни припаѓа на сите, и дека никој нема ексклузивитет на неа.

Ние не сме таму ни оддалеку, но нашите системски решенија, такви какви што се, се прилично соодветни на нивото на свесност а богами и на нивото на лицемерие во општеството. За среќа, тие ни овозможија да излеземе од вителот на директни конфликти меѓу заедниците и да отпочнеме процес/општествен дијалог, во кој ќе се обидеме сите да станеме еднакви, онака како што формално ни гарантира нашиот Устав.

Но, немојте да мислите дека и европските мултиетнички општества дошле таму каде што се на лесен начин и дека сегашните решенија им текнале веднаш.

Нашата несреќа е во тоа што сме препаметни, попаметни дури и од Белгијци, и од Швајцарци. Не сакаме да учиме од туѓите искуства, па изгледа, ќе мораме и овој пат, на потешкиот начин.

#SledeTene

#GragjanskiKoncept

#AluminiumOverMaximum


Текстот е личен став на авторот
Next Post

Арсовски и Хоџа: Стартува процесот на имунизација, со Петтиот пакет мерки започнува рестартирање на економијата и враќање на стапките на раст пред кризата

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk