ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Пристапот кон социјалните услуги, вработувањето, образованието и домувањето се главните теми на кои Министерството е подготвено да работи со цел реинтеграција на ранливите повратници во заедницата

February 17, 2021 13:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оддржа работен состанок со претставници на Светска банка на кој се разговараше за техничката помош и поддршка за ефективна реинтеграција на ранливите повратници, мигранти  од ЕУ кон Западен Балкан, со особено внимание на Ромите. Целта е  намалување на социо-економскиот јаз меѓу ромското и неромското население и спречување и заштита од нивна дискриминација, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Поддршката од Светска банка е во насока на зајакнување на  капацитетот на властите на Западен Балкан на централно и локално ниво да спроведат успешни политики за реинтеграција на повратниците и ефективно да одговорат на потребите на ранливите повратници.

Од страна на Валери Морика , виш специјалист за развој од Брисел, која изминатите три години работи на прашањето за повратниците  мигранти од Европа, кон западниот Балкан беше истакнато дека за разлика од  првата фаза од овој проект  која се однесуваше само на добивање на дијагностичка појдовна основа за состојбата со повратници мигранти, втората фаза претставува  воспоставување на механизми и поддршка во оние области и подрачја кои ќе бидат во фокусот на Владата во насока на реинтеграција на мигрантите повратници во заедницата и состојбата која со пандемијата е сменета.

„Прашањето со повратниците во нашата земја е особено важно прашање, земајќи го предвид и евроинтегративниот пат на нашата држава и спроведувањето на поглавјето 23 за правда и човекови права, што за нас како Влада претставува  еден од приоритетите,“истакна Шахпаска.

Пристапот кон социјалните услуги, вработувањето на овие лица, образованието и домувањето  се главните теми кои министерката  ги посочи на кои Министерството е подготвено да работи со цел нивна ефективна реинтеграција.  Таа се осврна на олеснетиот пристап на гарантирана минимална помош, за ранливите категории на граѓани, од почетокот на пандемијата,  со цел обезбедување на буџет за пристоен живот.

На состанокот  се разговараше и за  соработката  со граѓанското општество,  градењето на силни  врски со претставниците на  приватниот сектор  и претставниците  на заедницата. Потоа, помошта  при решавање на клучните административните пречки со кои се соочуваат повратниците како недостатокот на лични документи за идентификација што воедно ги прави повратниците ранливи кога станува збор за влез во системот на социјална заштита. ​

Министерката Шахпаска изрази силна поддршка на овој проект и подготвеност за соработка со цел негова успешна реализација.

Next Post

„Граѓански“ концепт

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk