ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бектеши: Не се согласувам со ултиматумите што беа испратени од угостителите, но го поддржувам демократското право на протест

February 19, 2021 14:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата не ги носи протоколите за работа. За тоа е задолжена професионална комисија составена од експерти во делот на пандемијата, а ние само ги почитуваме нивните предлози. Во моментот кога ќе добиеме одреден протокол секако дека ќе ги усвоиме како Влада.

Ова денеска го посочи министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на прашање за денешниот протест и ултиматумите што беа дадени минатата недела за подготовка на протоколи за работа на  угостителските објекти за прослави и цвеќарниците.

-Како економски тим секојдневно сме во контакт со стопанските комори, а претходната недела имавме состаноци и со синдикатите со цел да ги дизајнираме економските мерки од петтиот пакет во кој се вклучени и угостителите во делот за исплата на плати за два месеца и во бескаматните кредити со грант компоненета ако покажат позитивни резултати Мерките се поддржан од сите стопански комори и од синдикатите и стоиме зад нив за да ги реализираме што побрзо и од тоа да имаат придобивка сите дејности, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир.

За угостителите што организираат свадби, посочи, во четвртиот сет на економски мерки имаше директни грантови заради тоа што беа затворени со одлука на Владата.

-И во минатото и сега со петтиот сет економски мерки покажуваме дека ниедна дејност нема да биде изоставена, вклучувајќи го и угостителството. Не се согласувам со ултиматумите што беа испратени, а би ги охрабрил граѓаните да го кажуваат нивното мислење преку демократски начини како што се и протестите. Ние ќе бидеме тука како Влада да им помогнеме на граѓаните и на бизнисот со цел да ја поминеме пандемијата со најмали последици, рече Бектеши.

Сметам, додаде, дека беше доволна помошта за стопанството имајќи ги предвид нивните предлози кои се доставени преку стопанските комори до Владата.

-Над 90 отсто од предлозите произлегуваат од стопанските комори, но треба да се направи анализа во делот на реализација на претходните сета на економски мерки. Треба да се има предвид дека речиси осум месеци се плаќаат платите од страна на државата и дека има одредени други олеснувања за угостителството. Им предложивме да ги земеме предвид профитите и приходите што ги имале во 2019 година во делот на покривање, но голем дел од нив не се согласија и затоа се одлучивме да бидат помогнати на ваков начин, истакна Бектеши./МИА/

Next Post

Гир: Регулативата на ЕУ, што ќе стапи во август, забранува споделување верска и етничка припадност

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk