ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Бонева: Платените ботови и портали по наредба пишуваат гадости и прават жените политичари да се плашат и да молчат за да не бидат растргнати по директива

February 19, 2021 14:52
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, денеска објави дека поднела тужба против сопственикот и уредник на порталот доказм.мк, кој, како што вели, „наместо да ја информира јавноста за постапката што ја водам пред суд, како многупати досега објави текст со неточен, навредлив, омаловажувачки и крајно дегутантен наслов за измислен секс скандал во врска со мене“.

Бонева ја повикува јавноста, како и Клубот на жени пратенички да го кренат гласот против клеветите и вербалното насилство што се прави врз жени кои биле, се и ќе бидат дел од политиката.

„Мојата борба е борба за сите жени во политиката, кои може да бидат жртви како јас!

Затоа, го повикувам Клубот на жени пратенички во кој вложив дел од себе и целокупната јавност да го кренат гласот против клеветите и вербалното насилство што се прави врз жени кои биле, се и ќе бидат дел од политиката“.

Таа потенцира дека насилството врз жените во политиката не се случува само за време на изборните кампањи, туку е насилство што трае и се спроведува врз секоја жена што гласно се спротивставила на одредени политики на различни нивоа и така станала жртва на моќниците.

„Каква порака им праќаме на младите, посебно на жените што сакат да се вклучат и чесно да се борат во политиката, за доброто на својата татковина?“ – прашува Бонева огорчено.

„Гледаат молк од жените кога неосновано растргнуваат друга жена, дури и жени кои без воопшто да им е важна вистината се вклучуваат во линчот врз неа. Гледаат дека најдобро поминуваат сервилните и тие што молчат и дека е опасно да се биде искрен и да се кажува вистината во лице. Пораките што секој ден се праќаат е како да се стигне до пратеничка функција, но со политика додвори се, не замери се, биди слеп поддржувач, затоа што ако не слушаш, ќе завршиш како Бонева!“ – вели Бонева

Последица од таквото однесување, а особено поради молкот, според Бонева, „наместо жени во политиката со интегритет, ќе имаме сервилни пудлици кои, по линија на помал отпор, ќе бидат само сенки на тие што ги водат“.

За нападите против неа, а како што вели, и другите жени во политиката, Бонева ги обвинува ботовите и интернет порталите.

„Платените ботови со скриени идентитети и портали од таков вид, кои на социјалните мрежи по наредба пишуваат гадости базирани на лаги, прават жените политичари да се плашат да се спротивставуваат на погрешните политики и да молчат за да не бидат растргнувани по директива. Теророт што се спроведува врз мене е само показна вежба како ќе завршат и тие, ако не бидат послушни и не гласаат како ќе им кажат“.

Бонева вели дека нема да дозволи „платеници“ да ја раскинуваат од сите страни со, како што вели, неосновани навреди и клевети. Воедно, ја прозива и јавноста за која вели дека „залудни се сите кампањи за борба против насилството врз жените, родова еднаквост и охрабрување на жените да се вклучат во политиката, ако јавноста гледа и не реагира кога грубо се кршат човековите права на жените, кога насилството не е санкционирано, а жртвите не се поддржани кога најмногу им треба“.

И Бонева повикува „неказнивоста да престане“, бидејќи со „лаги по директива, се обидуваат да уништуваат човечки животи на луѓе и жени политичари само заради тоа што ја зборувале вистината и не успеале да ги замолчат или превоспитаат, а нивните политички ставови не им се бендисувале на некои моќни структури во власта или опозицијата“.

„Само отворена и сплотена борба против вербалното насилство врз жените, може да ги ослободи жените од неодлучноста и плашливоста јавно да се борат за своите ставови и наместо слепи послушнички да бидат жени политичари со интегритет, на кои ќе се гордеат младите и ќе ги инспирираат идните генерации!“ – заклучува Бонева во своето обраќање кое го достави и до Редакција Фронтлајн.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

July 16, 2025

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk