Почина Ѓорѓе Балашевиќ, кантавтор и миленик на публиката од поранешните југословенски простори, пренсуваат српските медиуми. Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Роден е 11 мај 1953 во Нови Сад. Има издадено повеќе албуми. Глумел во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката, а режираше и филм, кој го прикажуваше по концертите. Од бракот со Оливера има три деца (Јована и Јелена и Алекса).
Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.
Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата „Рани мраз“ со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.
Балашевиќ честопати одржуваше концерти и во Скопје, а напиша и песна за Скопје.