ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Со изградба на нов Центар за деца со посебни потреби во Железара покажуваме грижа за најранливите

February 19, 2021 14:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска присуствуваа на почетокот на изградба на Дневен центар за деца со посебни потреби и Центар за сензорна интеграција во населбата Железара.

Двата центри ќе се протегаат на површина околу 450 метри квадратни, а во план е и изградба на инклузивен парк со реквизити и паркинг простор приспособен за корисниците. Изградбата на овие објекти чини над 22 милиони денари, средства издвоени од Општина Гази Баба. Се очекува тие да бидат готови за околу 100 дена.

Министерката за труд и социјална политика истакна дека соработката со Општина Гази Баба и изградбата на овие центри говори за партнерскиот пристап меѓу централната и локалната власт во решавање проблемите и имплементација на социјалната реформа.

– Навистина е задоволство кога доаѓате на изградба на приказна којашто ветува. Грижата за најранливата категорија на граѓани, секако, претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика. Процесот на деинстутионализација продолжува. Граѓаните, лицата, корисниците во институциите ги вадиме и ги сместуваме во мали групни домови во згрижувачки семејства, со цел да им се овозможи атмосфера која е најблиска до семејната. Дополнително ги децентрализираме, ги спуштаме услугите на локално ниво во заедницата. Дневните центри се моделот како треба да се грижиме за лицата со посебни потреби, изјави Шахпаска.

Таа информира дека во државата вкупно има 34 дневни центри со 460 корисници. Се прават осум нови центри низ дражавата, а центарот што денеска почна да се гради во Железара ќе го користат 12 лица.

Градоначалникот Георгиевски информира дека новиот Дневен центар за деца со посебни потреби ќе работи како регионален центар за згрижување на деца од целиот град со поддршка на општините Илинден, Бутел и Гази Баба.

– Центарот за сензорна интеграција е наменет за деца со посебни образовни потреби од детските градинки и основните училишта во општина Гази Баба, изјави Георгиевски.

Тој истакна дека денеска со министерката Шахпаска извршиле увид во реконструкција на кујната на градинката „Детска радост“, во објектот „Калинка“. Реконструкцијата на кујната чини, девет милиони денари, шест за градежните работи и три за нова опрема, а Георгиевски најави изградба и на нова градинка во населбата Керамидница.

– Голема е поддршката која ја добиваме од Владата и Министерството за труд и социјална политика, затоа и продолжуваме заедно со нив,  рече Георгиевски./МИА/

Next Post

Трговските и туристичките центри треба да работат и во недела, смета министерот Бектеши

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk